Нова книга на Ристо Лазаров за Прашката пролет

277

Имењаците Јан Хус, Јан Палах и Јан Зајиц се знаменити личности во историјата на Чешка: првиот од нив, знаменит реформатор од средниот век, е запален на клада во 1415 година во Констанца, а другите двајца се младичи што се самозапалија зимата 1969-та, неколку месеци по инвазијата на советските тенкови на Чешка.

Тројцата се своевидни вечни пламени на Чешка, живеат и ќе живеат со векови – незгасливи пламени. Ним им е посветена втората книга од циклусот „Прашки ракописи“ на македонскиот писател Ристо Лазаров, која деновиве ја објави „Везилка 2011“. Книгата има наслов „Чешките вечни пламени – Јан Хус, Јан Палах и Јан Зајиц“. Оваа книга ја третира и познатата Прашка пролет, задржувајќи се најмногу на полемиката на двајцата чешки великани Вацлав Хавел и Милан Кундера, а завршува со краток преглед на самозапалувањата како чин на протест во Источна Европа, но и во другите делови на светот.