Ни кучињата не ги сакаат себичните луѓе

247

Истражувањата покажаа дека кучињата постојано ги следат социјалните интеракции на своите сопственици со другите луѓе и ги користат овие информации за да ги формираат своите ставови

Сигурно сте се запрашале зошто вашиот пес некои луѓе ги обожава, некои ги игнорира, а кон некои е непријателски настроен. Без сомневање и неколкупати сте ја чуле изреката „знае песот кој е лош човек“.

Во суштина, постојат научни истражувања што дефинитивно ја потврдуваат оваа теза.
Експертката за однесување на кучињата, Стенли Корен, наведува пример каде што нејзината познајничка забележала необичен однос на нејзиното куче со мајката на нејзиниот сопруг. Еден ден познајничката, која имала весел и пријателски настроен ретривер, ја замолила нејзината свекрва да ѝ помогне да го намести тепихот. Свекрвата ја игнорирала. Следниот ден, однесувањето на кучето се променило. Тоа ја игнорирало цел ден и дури одбивало јадење кога го понудила.

Како што вели Корен, опишаната ситуација нималку не е необична.

– Истражувањата покажаа дека кучињата постојано ги следат социјалните интеракции на своите сопственици со другите луѓе и ги користат овие информации за да ги формираат своите ставови. Едноставно кажано, ако некој одбие да ви помогне или влијае непријателски кон вас, постојат големи шанси вашето куче да го избегнува тоа лице во иднина – вели Стенли.

Децата се однесуваат на сличен начин, според една студија спроведена од тим истражувачи на Институтот за еволутивна антропологија на Макс Планк.
Неодамна, истражувачите од Универзитетот во Кјото во Јапонија забележаа дека кучињата постојано ги гледаат луѓето и собираат информации за да одлучат кои луѓе се себични и кои се великодушни. Подоцна, кога кучињата биле во позиција да земат храна, тие ги користеле собраните информации за да одлучат кому ќе му пријдат и секако ги избрале великодушните лица.

Во една подоцнежна студија, истражувачите ги избегнуваат истражувањата поврзани со храна, создавајќи социјална интеракција, која се фокусира на објект што е бескорисен за кучињата, избирајќи ролна. Вкупно 54 кучиња и нивните сопственици учествувале во експериментот. Сценариото опфаќа како кучето го гледа својот сопственик како неуспешно се обидува да ја отвори кутијата во која се наоѓа ролната.

Во една ситуација сопственикот бара помош од „актер“, кој му помага да ja отвори кутијата. Во втората варијанта, „актерот“ му го врти грбот. Последната варијација предвидува како „актерот“ се однесува неутрално кон сопственикот, кој дури и не бара помош. Она што е важно тука е дека кучињата постојано го набљудуваат непознатиот човек што помага или одбива да им помогне на нивниот сопственик во ситуација каде што нема награда или корист за самите кучиња. Сепак, набљудувањата на кучиња влијаеле врз нивното однесување. По сценарио актерите и неутралниот набљудувач во исто време му понудиле награда на кучето. Истражувачите набљудувале кое лице кучињата сакале да го одберат.

Резултатите покажуваат дека кучињата ја избегнуваат понудата од луѓе што не сакаат да помогнат, а прифаќаат награда од неутралниот човек. Од друга страна, тие еднакво ги прифаќаат неутрален човек и оној што му помага на сопственикот.
Според истражувачите, кучињата сметаат дека е нормално да му се помогне некому, затоа не го сметаат тоа за нешто специјално и еднакво реагираат на неутралниот лик и актерот. Но кога некој одбива помош, тој го крши моралот на кучињата и остава негативен впечаток.

Речиси на ист начин се однесуваат и децата. Тоа е доказ дека кучињата и луѓето се раѓаат исти, а потоа околностите некои ги прават лоши.