Никола Ѓоргиев: Ова е круна на една генерација

73

Ова не се мери ниту со титули или со МВП-признанија. Ова е круна на една генерација. Оваа селекција во минатото знаеше да киксне во некои решавачки моменти, како на пример против Хрватска во Европската лига лани. Не дека бевме неискусни, но како да бевме премногу стегнати, како да се плашевме од успех, не знам. Тогаш ми беше многу тешко, бев разочаран, помислував дури и да престанам да играм одбојка. Ни требаше тоа злато или пласман на ЕП, сега таа цел, големата желба на генерацијата е остварена. На ЕП ќе играме многу послободно, ќе треба добро да се подготвиме и да размислуваме напред. Чувството сега е стопати поубаво – пласман на ЕП, на домашен терен. Горд сум на сите момци, на сите одбојкарски работници и на сите што нѐ поддржуваа. Федерацијата и државата многу вложуваат во нас, им благодарам за тоа, а ЕП ќе остане запишано во историјата. Се надевам дека по ракометарите, кошаркарите, сега и ние одбојкарите, и фудбалерите и селекциите од другите спортови ќе се пласираат на ЕП, изјави капитенот Никола Ѓорѓиев.