Недела на јапонски филм во Скопје и во Битола

415

Вечерва, во 20 часот, ќе почне тринаесеттото издание на „Неделата на јапонскиот филм“ во Кинотеката на Македонија. Оваа година филмската недела првпат ќе патува и до Центарот за култура – Битола. Амбасадорката Кеико Ханеда ќе ја отвори „Неделата на јапонскиот филм“. Селекцијата на четирите играни и анимирани филмови од сите жанрови е за сите возрасти. Вечерва на програмата е филмот „Гласот на учителот“, утревечер „Ошин“, потоа „Рудолф црниот мачор“, додека во Центарот за култура во Битола на репертоарот се: „Самурај мачка“, „Гласот на учителот“, „Рудолф црниот мачор“.