Најпрецизен документарец за Александар Меквин

159

Досега, неговиот лик и дело се овековечени во еден мјузикл, две биографии и во
еден игран филм

Се чини дека жанрот документарен филм е измислен за да се раскажат неверојатните животни приказни, баш како што е приказната на британскиот моден креатор Александар Меквин, кој во 2010 година изврши самоубиство на 40 години.
Впрочем, нема некој што би ги демонстрирал дивата природа и чувствителниот карактер на овој уметник? Ова беше појдовна точка на режисерите на Јан Бонут и Питер Едуџи, кои решија да снимат приказна за човекот на темнината, романсата и убавината наречен „Меквин“.

Трагичниот живот на Меквин инспирираше многу медиуми и уметници да создадат приказна за овој повлечен и исклучително надарен млад човек од лондонското работничко семејство. Тој со својот неверојатен талент доминираше во модната компанија „Савил Роу“, а својата мрачна страна силно ја изразувал преку неговите креации и театрални модни ревии што ги поместуваа границите. Со своето заминување, тој остави неверојатна празнина што тешко некој може да ја дополни. Досега неговиот лик и дело се овековечени во еден мјузикл, две биографии и во еден игран филм.

Сепак, се чини дека најновиот документарец наедно е и најпрецизен и најемотивен. Користејќи ги неговите колекции како главен извор на инспирација, овој документарец вклучува искрени разговори со колегите, пријателите и семејството на Александар Меквин, кои го нарекувале Ли.

– Сè уште загубата е многу свежа. Губењето на Ли остави длабока празнина, и разговорите во филмот се многу тажни и болни. Многу луѓе искрено го сакале, а осум години не е толку долг период кога зборуваме за жалење – рече Едуџи.
Покрај неговите извонредни креативни визии, Меквин бил и успешен бизнисмен, кој еден период бил креативен директор на модната куќа „Живанши“, но и бизнис-партнер на Гучи.
– Кога имал 31 година, продал 51 отсто од својата компанија, и многу се збогатил, што не е толку лошо за момчето што го напуштило училиштето на 15 години – вели Бонут.
Бил пред своето време. Создавал венчаници на познати дами и во тоа неизмерно уживал бидејќи биле во прашање висока мода и уникатен дизајн, истакнува Етјуџи.
Овој филм се препорачува за сите љубители на врвниот дизајн.