Најочекуваните филмови на Марвел

104

Додека „Авенџерс: Ендгејм“ е најисчекуваниот филм во моментов, Марвеловиот филмски универзум подготвува нови приказни за неколку суперхерои, и тоа за Спајдермен, Црниот Пантер, Црната Вдовица, а ќе се запознаеме и со нови ликови, како што е филмот „Итрналс“.

„Спајдермен: далеку од дома“
Овој филм доаѓа во јули годинава. Сѐ уште не е јасно како ќе се вклопи во Марвеловите филмови. Некои велат дека филмот е сместен во алтернативен универзум. Други имаат други очекувања и мислења, но како и да е, обожавателите едвај ја чекаат приказната. „Спајдермен: далеку од дома“ доаѓа во кино на 5 јули 2019 година.

„Црната Вдовица“
Во листата филмови чија промоција ќе биде по „Ендгејм“ е и „Црната Вдовица“. Нема многу детали за овој филм, единствено што се знае е дека работниот наслов му е „Блу Бајоу“, а продукцијата треба да започне во јуни оваа година, со Скарлет Јохансон во главната улога. Наводно, според синопсисот, филмот ќе биде сместен во 2005-2006 година, односно неколку години пред Ајронмен (2008) во Марвеловиот филмски универзум. Се очекува дека „Црната Вдовица“ да се најде во кината во првиот слободен термин, околу 1 мај 2020 година.

„Црниот Пантер 2“
Со оглед на тоа што е најголемиот хит годинава, брзо доби одобрение за свое продолжение. Кога станува збор за тоа што да очекуваме од овој филм, тоа е едно од најголемите прашања. Она што се знае е дека филмот се сфаќа многу сериозно и посветено му е големо внимание. Датумот на промоција се очекува да биде 12 февруари 2021 година.

„Доктор Стрејнџ 2“
Со оглед на мистичната и магична природа на „Доктор Стрејнџ“ како лик, постојат бесконечно многу можности за работа на овој филм. Она што се знае е дека режисер на филмот е Скот Дериксон. Продолжението најверојатно ќе се најде во кината во мај 2021 година.

„Итрналс“
За многумина обожаватели еден од најинтересните филмови е „Итрналс“. Следното поглавје од овој филм ќе почне да се работи во втората половина на 2019 година. „Итрналс“ отвора различни можности за иднината на Марвеловиот филмски универзум. Не знае точно кога ќе излезе, но се претпоставува на 6 ноември 2020 година.

„Шанг-Чи“
Првиот обоен суперхерој на Марвел, Црниот Пантер, направи еден неверојатен подвиг. Се забележа како еден од најгледаните филмови минатата година, а ги освои и критичарите и публиката. Минатата година тој ја забрза работата околу ликот „Шанг-Чи“, познат како мастер по кунг фу. Во моментов се бара азиско-американски режисер за филмот. Целта е да се направи филм преку кој ќе се прикаже азиската и азиско-американската култура со намера да се направи хит-филм како што е „Црниот Пантер“. Со оглед на тоа што овој филм тукушто е најавен, најверојатно нема да го видиме пред 2021 година.

„Гардијанс оф галакси, вол. 3“
Овој филм е потврдено дека се одвива според планот. Но поради тоа што режисерот што ги режира првите два дела Џејмс Ган доби отказ, неговиот тек се одложи на неодредено време. Но за изненадување на обожавателите, за кратко време Ган повторно се врати на работа. Со оглед на тоа што деновиве е презафатен со други проекти како што се „Суисајд сквод“, „Стар-лорд“ и други, „Гардијанс оф галакси, вол. 3“ ќе мора да почека дури дојде на ред. Но барем со сигурност се знае дека добро ќе биде направен.