Најлош старт на Барса од 2008 година

47

Шпанскиот фудбалски првак Барселона освои само еден бод на гости против Осасуна (2-2) и, по трите кола во Ла лига, има само четири бода, што е најлош старт на сезоната од 2008 година, кога на крајот, сепак, ја освои титулата. Mладиот, 16-годишен Ансу Фати (на 16 години и 304 дена), кој го постигна првиот гол и стана најмладиот стрелец на првенствен меч во историјата на Барселона. Тој е трет најмлад стрелец во Ла лига, по Фабрис Олинга од Малага (тогаш со 16 години и 98 дена) и Икер Муниан од Атлетик (16 години и 289 дена).