Најголем скок на вредноста кај фудбалери од Премиер-лигата?

187

Мохамед Салах (Египет) од англискиот премиерлигаш Ливерпул води на листата на Фудбалската опсерваторија на Интернационалниот центар за спортски студии (ЦИЕС) од Швајцарија со играчи од најсилните пет домашни првенства во Европа на кои најмногу им пораснала вредноста последниве шест месеци. Во рангирањето се вклучени само фудбалерите што не смениле клуб или не го продолжиле договорот.

Според ЦИЕС, вредноста на Салах пораснала за 74,7 милиони евра, втор на листата е Едерсон Мораеш (Бразил) од Манчестер сити со 74,4 милиони, а трет е уште еден фудбалер од Манчестер сити, Лерој Сане (Германија), со пораст на потенцијалната трансфер-цена за 63 милиони. Најголем пораст од другите четири најсилни лиги ЦИЕС забележал за Килиан Мбапе (Франција) од ПСЖ, за 54,7 милиони евра.

ЦИЕС информира дека процените за потенцијалната вредност на трансферот се базирани на специјален алгоритам, ексклузивно изработен од истражувачкиот тим на ЦИЕС.