Настан од историски размери на глобалниот финансиски пазар

207

Првпат во историјата ММФ да одлучи да го прошири бројот на валути во девизната кошничка. Тоа значи дека кинеската валута сега ќе стане издржана глобална алтернатива на американскиот долар. Ваквата одлука ќе предизвика еден од најтемелните трансфери на богатство за време на нашиот животен век. Значи, ако сакате да ги заштитите вашите заштеди и личниот пензиски фонд, не вложувајте го својот капитал во американски долари, туку во онаа валута чија вредност расте додека кај сите други паѓа

ММФ и официјално даде зелено светло за прифаќање на кинеската валута, јуанот, во својата девизна кошничка на валути. Според Ројтерс, овој нивен потег го трасира патот за позиционирање на јуанот на исто рамниште со американскиот долар. Ова е најновата во серијата глобални промени што се закануваат да го елиминираат американскиот долар како светска резервна валута.

Експертите предвидуваат дека оваа најава ќе предизвика еден од најтемелните трансфери на богатство за време на нашиот животен век. Значи, ако сакате да ги заштитите вашите заштеди и личниот пензиски фонд, не вложувајте го својот капитал во американски долари, туку во онаа валута чија вредност расте додека кај сите други паѓа.
Меѓународниот монетарен фонд, или ММФ, е една од најтаинствените и најмоќни организации во светот. Тие го контролираат финансиското здравје на повеќе од 185 држави. Тие ги воспоставуваат глобалните парични норми и обезбедуваат финансиска помош за спас на земјите во банкрот.

Некои експерти предупредуваат дека каков било потег од страна на ММФ за „истиснување“ на американскиот долар би можел да значи катастрофа за американските инвестиции.

И ете, сега ММФ го направи првиот потег. Како што соопштува весникот „Волстрит журнал“, ММФ и официјално даде зелено светло за прифаќање на кинеската валута, јуанот, во својата девизна кошничка на валути. Ова е првпат во историјата ММФ да одлучи да го прошири бројот на валути во девизната кошничка. Тоа значи дека кинеската валута сега ќе стане издржана глобална алтернатива на американскиот долар.

Според зборовите на Хуан Зарате, кој помагаше во спроведувањето на финансиски санкции додека работеше во Министерството за финансии на Џорџ В. Буш: „Откако другата валута ќе стане алтернатива на доларот, ќе почнат да се менуваат и правилата на играта“.
Леонг Синг Чионг, заменик-директор на Централната банка, изјави дека оваа алтернатива на доларот „најверојатно ќе го трансформира финансискиот мозаик во наредниве 5-10 години“.
Експертот за монетарен систем, д-р Стив Сјугеруд предупредува: „Повеќе од две децении сум активен на пазарите, но никогаш досега немам видено нешто што толку брзо преселува толку големи парични суми. Оваа најава ќе иницира домино-ефект, кој во суштина ќе одреди кој ќе се збогати, а кој ќе се мачи во Америка во годините што следуваат“.

Д-р Сјугеруд вели дека ако имате какви било американски „хартиени средства“ – а тоа вклучува акции, обврзници, или обична готовина на банкарска сметка – треба да бидете свесни за тоа што следува и да знаете како да се подготвите. Голем број експерти сметаат дека неодамнешниот скок во цените на златото и среброто е директен резултат од постапката на ММФ. Благородните метали фамозно се креваат секогаш кога паѓа американскиот долар.
Во изминативе 600 години постоеја шест различни глобални резервни валути, контролирани од светски суперсили. Последната – американскиот долар -доминира со светскиот монетарен систем повеќе од 80 години. Она што е алармантно е фактот дека глобалните резервни валути пропаѓаа на секои 80-90 години во последните шест века! Што значи ова за Америка и за доминацијата на американскиот долар? Врз основа на поновите докази и долготрајните историски трендови, експертите претскажуваат неизбежен крах на оваа валута! Што е уште поалармантно од тоа?

Многу Американци сѐ уште не го прават единственото нешто што ќе ги спаси нивните заштеди и пензии од крахот на американскиот долар. Обрнете внимание – американскиот долар е доминантна валута веќе 88 години, приближно исто толку долго колку што биле и неговите претходници. Очигледно е зошто експертите велат дека деновите на американскиот долар како светска резервна валута се приближуваат кон својот кулминирачки крај.

Фиат-валутата е хартиена валута што не се потпира на ништо конкретно и опипливо. За разлика од „здравите пари“, кои се потпираат на злато или некоја друга вредна стока, валутата фиат не се потпира на ништо друго освен на вербата во владата. Американскиот долар е фиат-валута откако Никсон „го затвори прозорецот за злато“ во 1971 година (ја укина интернационалната конвертибилност на американскиот долар во злато), унилатерален акт што беше најголем грабеж во американската историја.
Она што е страшно е фактот дека просечниот животен век на фиат-валутите изнесува 40 години, а американскиот долар веќе ги надмина тие 40 години како фиат-валута!
Пред 1933 година, во текот на повеќе од 100 години, доларот можеше да се менува за злато, па за 20 долари добивавте 28 грама злато. Но откако во 1933 Владата го украде целото злато на американските државјани за хартиена потврда во вредност од 20 долари, златото беше ревалоризирано на 35 долари, што значеше дека доларот прекуноќ девалвирал за 43 отсто, така што сите странски и домашни сопственици на долари беа многу ефикасно ограбени.

Откако Никсон комплетно ја укина конвертибилноста на доларот во злато во 1971-та, 28 грама злато чинеа дури 67 долари, со што доларот пак девалвираше за 50 отсто. Денес ви требаат повеќе од 1.000 долари за да ги купите истите 28 грама злато.
Зошто? Бидејќи американскиот долар веќе не е ништо повеќе од брзоопаѓачка анотација на Федералните резерви (FED), зад која стои корумпирана влада, на чиј грб лежат 18 трилиони долари неисплатен долг, кој секоја минута расте за 10 милиони долари!

Овој експеримент со хартиени пари си го направи своето. Федералните резерви, американската влада и арамиите од Волстрит ја злоупотребија својата моќ за лошо менаџирање на доларот и сега доаѓаат глобалните последици. Должничкиот товар што го притиска американскиот долар е неодржлив и ќе продолжи да ја урива неговата куповна моќ, сѐ додека никој веќе нема да сака американски долари и тие нема да се прифаќаат во глобалната размена.
Пропаста на доларот значи дека сите ваши хартиени вложувања што се состојат од долари – акциите, заедничките фондови, пазарите на пари, готовинските сметки итн. – ќе пропаднат заедно со доларот! Во меѓувреме, Владата и банките ќе најдат начин да се заштитат самите себеси на ваша сметка!

Патем, додека полека се збогуваме со доминацијата на американскиот долар, тоа не мора да значи збогум и за вашите заштеди и пензиско осигурување. Извадете барем дел од парите сместени во доларскиот хартиен финансиски систем и заштитете се со единствената вредност што ги надживеа сите валути откриени во последните 5.000 години – златото.

Текстот е компилација од повеќе светски реномирани информативни гласила