Наскоро поларитетот на земјата може да се промени

2022

Магнетниот северен пол на земјата се движи пребрзо, сега научниците знаат и зошто

Во холивудскиот филм „Јадрото“, јадрото на планетата одеднаш престанува да ротира, предизвикувајќи колапс на магнетното поле на земјата. Тогаш се појавуваат смртоносните микробранови, кои ги топат Колосеумот во Рим и мостот Голден гејт. Речиси сè во филмот е погрешно, според Џастин Ревено, сеизмолог од Универзитетот во Минесота. Точно е дека магнетното поле на земјата ја штити планетата од смртоносно и деструктивно сончево зрачење. Без магнетното поле, соларните ветрови би можеле да ја соголат земјата од нејзините океани и атмосферата. Но магнетното поле на планетата не е статично.

Земјениот северен магнетен пол (кој не е ист како географскиот север), ги наведуваше научниците од минатиот век на погрешни заклучоци. Секоја година Земјиниот магнетен пол се движи кон север со просек од околу 48 километри. Светскиот магнетски модел претставува систем што го следи теренот и ги информира компасите, паметните телефони ГПС-уредите и системите за навигација на авионите и бродовите. Ова движење го направи СММ неточен доколку не се ажурира навреме или доколку се менува движењето на магнетниот север порано од очекуваното. Следното планирано ажурирање на СММ е до 2020 година, а американската војска побара порано ажурирање за да се земе предвид забрзаното поместување на магнетниот север. Но, насоката и фреквенцијата на движење на магнетниот север не е сосема позната. Сега научниците велат дека имаат подобар увид за движењето и дека во наредните години ќе може да се предвидат промените во движењето на магнетниот север.

Магнетното поле на земјата постои благодарение на течениот никел и железо во надворешниот дел на јадрото на планетата, што се наоѓа околу 2.896 километри под површината. Јадрото е прицврстено на северниот и јужниот магнетен столб, но тие имаат тенденција да се поместуваат, па дури целосно да се заменат еден со друг на секои милиони години.
– Периодичните и понекогаш случајните промени во дистрибуцијата на тој турбулентен течен метал може да предизвикаат промени во магнетното поле. Ако го замислите магнетното поле како серија гумени ленти што се испреплетени преку магнетните столбови и јадрото на земјата, тогаш промените во јадрото суштински ги затегнуваат различни гумени ленти на различни места. Овие таканаречени геомагнетни затегнувачи влијаат врз миграцијата на северниот дел на магнетниот пол и дури може да предизвикаат да се движи хаотично и без одреден тек – вели за „Бизнис-инсајдер“, сеизмологот Кристофер Финлајн.

Досега, предвидувањето на овие поместувања на магнетни полиња беше предизвик. Но во новото истражување геофизичарите Џулиен Ауберт и Кристофер Финлајн се обиделе да ги симулираат физичките услови на јадрото на земјата. Истражувањата покажуваат дека движењето на топлината од внатрешноста на планетата може да влијае на магнетното поле. Во принцип, ова се случува на девет километри годишно. Но геофизичарите откриле дека понекогаш има џебови од течно железо во јадрото, кои се многу потопли и полесни од околниот флуид. Ако разликата помеѓу овие топли, помалку густи делови од течност и нивните постудени, погусти течности е доволно голема, тогаш многу брзо се зголемува топлината во јадрото. Тоа брзо движење на флуидите предизвикува магнетни бранови, кои се движат кон површината на јадрото, предизвикувајќи геомагнетни грчеви.
– Мислете на овие бранови како на вибрирачки жици на музички инструмент – изјави Ауберт за „Бизнис-инсајдер“.

Магнетниот север е важен за навигациските модели. Одржувањето и проверката на магнетниот север е од големо значење за европските и за американските војници, бидејќи нивните системи за навигација се потпираат на СММ. Исто така се важни за комерцијални авиокомпании и корисниците на паметни телефони, кои содржат ГПС-апликации, за да им помогнат на пилотите и корисниците да ги посочат нивните локации и да се движат соодветно. Затоа Британското геолошко истражување и Националната океанска и атмосферска администрација го ажурираат СММ на секои пет години. Но дури и со овие периодични надградби, геомагнетните грчеви го отежнуваат одржувањето на точниот модел, вели Ауберт.

– Во следните неколку години, предвидуваме дека нашите научници ќе можат да ги набљудуваат подобро геомагнетните грчеви и со тоа да ги предвидат идните со подобрена точност – дециден е Ауберт.

Магнетното поле на земјата ја штити својата атмосфера и ја чува од сончевото зрачење. Ако го изгубиме нашето магнетно поле, на крајот ќе ја изгубиме нашата атмосфера. Но, според Ревено, за ова сценарио постои многу мала веројатност да се случи, бидејќи јадрото на земјата никогаш нема да престане да ротира. Многу поверојатно сценарио е да се заменат половите на магнетните столбови, како што тоа го случило пред 780.000 години. Ова сценарио е повозможно затоа што влегува во таа временска рамка.

Магнетскиот северен пол се поместува на север од 1900-тите.