Нападнати Срби додека ја гледале Црвена звезда

726

ХРВАТСКА

Петнаесетина маскирани напаѓачи, вооружени со мачета, упаднале во кафулето „Бафет Петко“ во општината Бискупија, во близината на Книн, и ги тепале гостите што го гледале натпреварот на Црвена звезда.

Во нападот се повредени пет лица, кои се пренесени во болница. Според непотврдени информации, еден од напаѓачите имал мачета, пренесува „Далмација данас“.
– Дојава за инцидентот добивме околу 22.30 часот. Непознати лица влегле во угостителски објект во Уздоље. Прво вербално, а потоа и физички ги нападнале сопственикот на кафулето и гостите во објектот. Пет лица добиле полесни повреди – изјави Марица Косор, портпарол за полицијата во Шибеник-Книн.

За време на инцидентот во локалот имало и жени и деца, а во болница биле пренесени вкупно пет Срби. Меѓу нив има и едно деветгодишно дете, како и сопственикот на кафулето, кој добил удар со шише по главата, а неговата сопруга има исеченици на нозете.