Намирници што треба да ги консумирате во летниот период

Знаеме дека во летниот период треба да облечеме сандали и влечки, но дали знаете дека во летниот период треба да го смените вашиот начин на исхрана?
Подолгиот престој на отворено и потењето го зголемуваат ризикот за здравствени проблеми како што се дехидрирање, проблеми со кожата и недостиг од витамини и минерали. За тоа постои лесно и вкусно решение. Само консумирајте локални сезонски намирници. Нивните нутритиенти се најздрави и најзастапени во сезоната во која растат.

Ќе ги наброиме намирниците што треба да ги консумирате во летниот период за да избегнете здравствени проблеми и да останете здрави.

Домати

Доматите се полни со антиоксиданти и витамин Ц. Меѓутоа, дополнителна причина за да ги консумирате е и ликопенот, кој придонесува за намалување на хроничните болести, а е одличен и во борбата со канцерот.

Тиквички

Полни се со вода, па, така, ќе помогнат во хидратација на телото и кожата. Покрај тоа, тие содржат пектин, кој е одличен за здравјето на срцето и намалувањето на холестеролот.

Лубеница

Лубеницата е број еден кога станува збор за хидратацијата. Освен тоа што е полна со вода, таа има моќ и да ги разлади целокупниот организам и телото. Исто така е одлична за диета во летниот период затоа што долго време ви создава чувство на ситост. Лубеницата содржи состојки што ја штитат кожата од оштетување од сонцето.

Портокали

Портокалите се богати со калиум, состојка што му е најпотребна на организмот во летниот период. Калиумот се губи со потењето, па доведува до мускулни грчеви. Консумирањето портокали ќе ви помогне во намалувањето на грчевите. Портокалите исто така се богати со вода, поточно 80 проценти од еден портокал е вода, па ќе ве држи хидрирани во текот на денот.

Јогурт или кисело млеко

Нутриционистите велат дека јогуртот и киселото млеко се создадени за консумирање во текот на летото. Протеините со кои се богати ќе го победат чувството за глад што, пак, е добро за да не претерате со консумирањето солени намирници и грицки, кои се премногу калорични. Овие намирници исто така се полни со пробиотици, па, така, ќе избегнете стомачни вируси, кои се карактеристични за летниот период.

Целер

Нема ништо полошо од надуен стомак додека одите на плажа. Целерот е познат диуретик, кој, пак, ќе ви помогне во исфрлање на вишокот вода од организмот. Состојките со кои е богат ја стимулираат работата на бубрезите, со што тие го исфрлаат вишокот вода што, пак, е големо олеснување за подуеноста во стомакот.

Диња

Дињата, како и лубеницата, не само што е полна со вода туку, исто како и целерот, е диуретик. Особено се здрави за жените бидејќи женското тело се справува со постојани хормонални промени.

Малини и капини

Овие две намирници се одличен извор на растителни влакна. Богати се со витамин Ц и имаат осум грама растителни влакна во една чинија. Исто така спаѓаат во црвените овошја што се борат со слабокрвноста.

Јаболка и круши

Овие намирници се богати со растителни влакна. За максимално нутритивно мени, консумирајте јаболка и круши. Сепак, бидете внимателни и добро измијте ги пред да ги консумирате, бидејќи пестицидите можат да ѝ направат голема штета на кожата.

Праски, нектарини и кајсии

Одличен извор на вода и растителни влакна. Овие овошја се богати со витамин А, антиоксидантот бетакаротен и витамин Ц.

Зелен чај

Доколку сакате да останете хидрирани во летниот период, консумирајте зелен чај. Освен што е одличен за хидратација, зелениот чај помага во борбата со канцерот, срцевите болести, намалувањето на холестеролот и го забрзува метаболизмот.

Лиснати зелени салати

Овие намирници освен што ќе ви помогнат да бидете свежи, се одлични за здравјето на кожата. Ваквите салати ја зголемуваат отпорноста на кожата на УВ-зраците, па, така, таа нема да биде сува и со првут.

Јагоди и боровинки

Слатки, сочни и полни со витамини, јагодите и боровинките се одлични за стомакот, но и за кожата. Ја штитат поради нејзината чувствителност од сончевите зраци.

Јатки

Грицкањето јаткасти производи ќе ви помогне да бидете сити, без притоа да консумирате штетна, масна и нездрава храна. Исто така консумирајќи јатки, директно влијаете во борбата со лошиот холестерол.

Авокадо

Авокадото треба да е на пиедесталот на најдобри летни намирници. Одличен е за срцевото здравје како и за целокупниот организам.

[email protected]