Надал има шанса да им се придружи на Лејвер и на Емерсон

354

Шпанецот Рафаел Надал в недела во Мелбурн ќе го игра 25-то гранслем-финале во кариерата, до кое дојде по триумфот во полуфиналето над Гркот Стефанос Циципас, во три сета со 6-2, 6-4 и 6-0, во мечот што траеше еден час и 46 минути.

Противник на Надал (32) во финалето ќе му биде подобриот од дуелот меѓу Србинот Новак Ѓоковиќ и Французинот Лукас Пули. Надал, кој има освоено 17 гранслем-титули, ќе го игра петтото финале во Мелбурн каде што има победено само еднаш, во 2009-та, против Роџер Федерер.

Во случај на втор триумф во Мелбурн, Надал ќе биде третиот тенисер што најмалку по двапати победувал на еден од четирите гранслем-турнири. Тоа досега им успеало само на двајца, и тоа Австралијци, на Род Лејвер и на Рој Емерсон.