МКФ најави од утре суспензии за клубовите што должат

902

Македонската кошаркарска федерација (МКФ) ги потсети клубовите дека крајниот рок за намирување на долговите е утре, како и тоа дека тие што нема да платат ќе бидат суспендирани. МКФ се повикува на член од пропозициите за натпреварување во сениорски лиги, според кој за време на суспензијата клубот нема право на настап, го губи натпреварот со службен резултат и не го добива едниот бод за тој натпревар. Суспензијата важи до намирување на долгот. Овој рок за плаќање беше договорен на состанокот на МКФ со претставниците на прволигашите пред неколку недели.