Минатото е нашата сегашност

396

Од неодамнешните „напади“ на руските комичари врз премиерот Зоран Заев не слушнавме ништо повеќе од она што тој и така го раскажува при своите јавни настапи, на, за него, карактеристичниот, наивен начин, а одамна веќе сфативме и дека неговите служби не се на висината на задачите, во што тој, повторно мошне наивно, не сака да поверува. А дали двајцата Руси притоа само се забавувале или и одработувале, тоа веќе и не е наша работа

Воопшто веќе не е забавен овој вербален тероризам на кој подолго време јавноста, како дежурна колатерална жртва, е изложена заедно со поединците што се цел, кои треба да бидат политички ликвидирани. А дека е и непродуктивен се покажа уште од поодамна, зашто повеќето од „жртвите“ сѐ уште се мошне живи на политичката сцена. Напротив, станува заморен речиси како и овие спарни летни денови, кои сѐ помалку се разликуваат еден од друг. И тоа без оглед на навистина широк спектар на конвенционалните и неконвенционалните средства што се употребуваат.

Од неодамнешните „напади“ на руските комичари врз премиерот Зоран Заев не слушнавме ништо повеќе од она што тој и така го раскажува при своите јавни настапи, на, за него, карактеристичниот, наивен начин, а одамна веќе сфативме и дека неговите служби не се на висината на задачите, во што тој, повторно мошне наивно, не сака да поверува. А дали двајцата Руси притоа само се забавувале или и одработувале, тоа веќе и не е наша работа. Проблемот е во публицитетот што секој пат одново им се дава на ваквите атаки, независно дали зад нив стоеле некакви бомбаши, громовници или комичари, во земја во која и по повеќе од две децении не се расчистени околностите од вистинскиот атентат врз еден нејзин претседател и сериозните сомневања за извршен атентат врз вториот нејзин претседател. Не се расветлени ниту голем број афери со далекосежни последици, а и од оние врз кои, најчесто под притисок на меѓународната заедница, беше фрлена некаква светлина, како да не е извлечена никаква поука. За казнување на сторителите или за некаква рехабилитација и компензација за жртвите, ич да не зборуваме.

Проблемот е во публицитетот што секој пат одново им се дава на ваквите атаки, независно дали зад нив стоеле некакви бомбаши, громовници или комичари, во земја во која и по повеќе од две децении не се расчистени околностите од вистинскиот атентат врз еден нејзин претседател и сериозните сомневања за извршен атентат врз вториот нејзин претседател. Не се расветлени ниту голем број афери со далекосежни последици, а и од оние врз кои, најчесто под притисок на меѓународната заедница, беше фрлена некаква светлина, како да не е извлечена никаква поука. За казнување на сторителите или за некаква рехабилитација и компензација за жртвите, ич да не зборуваме

Накратко, сѐ се сведува на лекување пациент од една со предизвикување друга болка. И така додека да падне во агонија, доведен до состојбата во која ниту една од болките не ќе може да ја лоцира и никој веќе нема да му поверува оти навистина е болен. А тука веќе не станува збор за еден или за неколку пациенти, целото општество е болно, навлечено на скандали, како некогаш на опиумот. Веројатно затоа и никој не се нафаќа да ја преземе одговорноста за воспоставување дијагноза. Многу ризична работа е на зависникот да му се предочи вистината и да се натера на терапија, која ќе води кон неговото освестување, соочување со вистинските проблеми покрај кои, како авет, секојдневно поминува. Не ги забележува зашто тие се стари, а аферите се нови, и барем според својата форма одат во чекор со развојот на комуникациската технологија, многу побрзо од возовите, од автомобилите по новоотворените автопатишта па дури и од авионите на нискобуџетните превозници. Дури и тогаш кога нивната суштина е непроменета тие пленат со својот сензационализам и со простор за неограничен број интерпретации врз основа на кои потоа се градат тези и теории податливи за инкорпорирање во сечии политики, од маалските, завидливи и сеирџиски, насочени главно кон задоволување на најниските страсти и пориви, до, само на прв поглед, помалку тривијалните, глобални.

Сето тоа може да биде забавно, во некои случаи дури и поучно, но одзема премногу време и енергија потиснувајќи ги во втор, трет… план суштинските нешта и токму затоа постоеја и постојат „службите“, безбедносни, протоколарни, за информирање и какви сѐ не. Тие треба да функционираат како вистинска тампон-зона помеѓу сериозните нешта и тривијалностите, а не да им дозволуваат неконтролирано да се разлеваат насекаде.

[email protected]