Мила Москов со „Fire“ ќе нeѐ претставува на „Детскиот евросонг“ во Полска

65

Видеото за песната „Fire“, со која Мила Москов, ученичка во основното училиште „Кочо Рацин“ од Прилеп, ќе нѐ претставува на детскиот „Евросонг“ во Полска, деновиве премиерно беше прикажан на националниот сервис МТВ.
Автори се Лазар Цветковски, кој ја напиша музиката и го направи аранжманот, и неговата сестра Магдалена Цветковска, која го напиша текстот, а спотот е дело на Даниел Јовески.

Голем број коментари и одлични реакции може да се прочитаат под нашата песна на каналот на „Детскиот евросонг“ на Јутјуб. Некои дури ја вбројуваат „Fire“ меѓу најдобрите пет оваа година.
Седумнаесеттиот „Детски евросонг“ ќе се одржи на 24 ноември во Гливице, Полска.
Погледнете го спотот на Мила на следниот линк: