Меѓу Вивалди и традицијата за Велигден

1031

„Велигденски компромис“ е насловен последниот проект на талентираниот тинејџер Пане Хаџи-Василев од Кавадарци, што тој ја поврза со големиот христијански празник. Инаку, тој е добитник на првата награда за цртеж на темата „Мода во Шпанија“, а своите дела освен на изложби ги претставува на својот профил на социјалната мрежа Фејсбук. Инспириран од музичкото дело „Четири годишни времиња“ од Антонио Вивалди“ особено од делот за пролетта тој ја создава оваа интервенција во просторот на денот Величетврток кога по традиција во христијанскиот свет се бојадисуваат велигденските јајца. Пане за оваа инсталација употребил 74 јајца во нотна композиција обоена во традиционалните бои на македонскиот фолклор: црвена, бела и црна. – Секогаш се трудам да ја одберам најнеобичната комбинација, да испратам порака, да раскажам приказна или некого на насмеам со моите цртежи. Инспирацијата ја црпам од секојдневието, а при изработката употребувам парчиња од органска храна како и во оваа инсталација јајцата. Минатата година на Меѓународниот конкурс за цртеж на темата „Мода“ каде што авторите имаа целосна слобода во изборот на материјали, кои ќе ги користат јас употребив семки од сончоглед и на мое големо изненадување во многу силна конкуренција ја освоив првата награда – вели Пане Хаџи-Василев. Ми.M.