Меморијален центар на македонскиот холокауст

614

Меморијален центар на македонскиот холокауст. Знам, малку ти е чуден насловот на денешната наша колумна драг читателу. Се чудиш дека можеби не сме Евреи за да правиме таква институција, кои за време на Втората светска војна ги ништеше европската ариевска цивилизациска машина на смртта! Велиш, германската. Да. Но таа по дефиниција е европска. И кај нас во Скопје изградивме меморијален центар на еврејскиот холокауст како сеќавање на транспортирањето на Евреите од страна на бугарските фашисти (не дозволувам тука интервенција на Заев) во Треблинка.

Изградивме за Евреите, но не и за Македонците, факт што има димензија на парадокс. Но за тоа веќе пишував во една поранешна колумна. Имено, за разлика од нас Евреите имаат цврста племенска свест, свест за својата културно-цивилизациска меморија и историско мартирство од библиски времиња до денес. А тоа не е малку. За разлика, пак, од нив Македонците со космополитски и утопистички менталитет за еднаквост, правда и братство меѓу народите секогаш биле многу повеќе отворени кон надвор, кон другите, отколку кон внатре, кон себе. И тоа ни донело многу неволја, но и покрај тоа до ден-денес не сме извлеклe поука. Античкото македонско царство на Александар (по неговата смрт поделено помеѓу Птоломеите во Египет и Селевкидите во Сирија) се простирало од Пела до Хималаите на исток и до египетските пирамиди на југ, за денес да се скуси до ова мало парче по кое газиме. Но толкаво, како синапово зрно, како што би рекол Исус, и тоа се разграбува сега од разјапените челусти на грчката, албанската и бугарската хиена. Се разграбува сè: територија, јазик, меморија од сега па наназад неколку милениуми сè до Етнографската карта на библискиот Моjceј, прва воопшто таква во западната јудео-христијанска цивилизација. На неа од денешните европски народи е запишана како идентитет само Македонија под своето изворно праиме Китим, според внукот на Јафет, најмладиот син на Ное, од чија лоза водиме потекло ние. Итн.

Евреите имаат изразита смисла за мит, смисла да ја обликуваат меморијата во митска шифра, прикажувајќи се во Стариот завет како избран народ, притоа евреизирајќи го и самиот Бог (Јахве) како свој небесен и земен знак и цивилизациски имот. Такви, тие успеаја и на своето големо историско мартирство да му дадат митска димензија. А и самото тоа е толку многу големо, посебно во Втората светска војна во која европската воденица на смртта мелеше само живо еврејско жито, што заслужува митски квалификатив.

Да. За разлика од Евреите, Македонците со утопистичка душа и визија за светска држава на народите, рамноправни во сè, почнувајќи од Александар Македонски па до Гоце со неговиот сон за „Светот како поле за културен натпревар меѓу народите“, не полагаа многу на култот на меморијата и грижа за својот културно-цивилизациски имот штедро раздаван по меридијаните и цивилизациите. Не градеа специјално мит за себе, кој, пак, и покрај тоа растеше сам од себе и се вишеше. Во неговите темели е вградено и македонското историско мартирство, кое не е помало од еврејското. Само што нам ни недостигала како кај нив организираност и страст за негова широка интернационализација. Не сме имале за тоа ни талент ни злато, а ни пријатели во светот за да го реализираме тоа. Не сме имале исто така како нив ни родољуби кај нас. Кај Евреите секој еден Евреин го атомизира и сублимира во себе целиот еврејски колектив. Нема одродници и предавници на родот како кај нас што ги има во изобилство. Денес во нашата идентитетска хаварија и распад на државниот и националниот суверенитет посебно се уверивме во тоа.

Да. Но сепак тоа не е причина, драг читателу, да не се освестиме и да не се запрашаме како Џон Дон и Хемингвеј за кого бијат камбаните. Оти тие бијат за нас што нè носат на закоп, доколку веќе и не нè закопаа со онаа нацифашистичка Северна Македонија. Во ред, нека им е, но не знаат тие темни гробари за македонскиот историски талент за вампиризам. Талентот да станеме и сега од мртовечкиот сон во идентитетскиот гроб што ни го стокмија западните либералдемократи. И оваа идеја за изградба на меморијален центар на македонскиот холокауст, со насилничкото крвничко преименување за идентитетски да нè обезличат и сотрат, се вклопува во тој вампирски проект на будење од смртта во чие траурно платно нè завитка сега западната нацифашистичка цивилизација. По нејзина заслуга таа за нас е таква.
Меморијалниот центар на македонскиот холокауст нормално ќе се изгради во Скопје. Може и до еврејскиот, нешто што би било и симболичен знак за културно-цивилизациското (ако да земеме Библијата) и мартирско близнаштво на суровата и кон нив фашистички настроена Европа, од католичката инквизиција и уште од порано наваму. Најсилен мотив, драг читателу, за изградба на центар на македонскиот холокауст е имено и идентитетскиот геноцид што ни го стокмија заедно со нашата/ненаша квислиншка влада евроамерите од Брисел и од Вашингтон. Преспанскиот договор, Тиранската платформа и Договорот со Бугарија, сè се тоа само сатански проекти на Пентагон и неговите полтрони од Брисел, смртоносните чекани за целосно распарчување на темето на македонскиот идентитет и државен и национален суверенитет. А потоа, како што тргнале работите, може да следува и нашиот физички егзодус, оти големите мајстори на смртта секогаш ја испробувале паралелно физичката со идентитетската ликвидација на нас. И сега.

Сега ме прашуваш, драг читателу, која ќе биде временската рамка што ќе сведочи за македонскиот егзодус и холокауст и во која ќе се смести материјалот како сведок за нив. Мислам дека за почеток треба да се почне од крвавиот геноциден Букурешки договор, па наваму до денешни дни, до Преспанскиот договор со печат и амин на пофашизената Европа. Таа во која денес најопасен поим е зборот демократија, оти штом ќе го изговори ги активира, заедно со НАТО-каубоите на Америка, веднаш своите бомбардери во потрага не по демократија и човекови права туку по нафта, како што го направи и сè уште го прави тоа на Блискиот Исток, или по грабеж на туѓи територии и создавање нови вештачки држави за свои геополитички и други интереси, како што го направи тоа со Србија и со Косово, а пред тоа со Јужна Кореја, Тајван итн. Опасен цивилизациски збор. Демократија. И човекови права, флоскула со која во борци за нив ги прогласија и албанските терористи против Македонија и Македонците во 2001 г., поддржувајќи ги логистички и воено и доведувајќи ни ги за да нè растурат и во Владата како визионери на македонскиот државен и национален хаос.

Ние, велиш со право, драг читателу, немаме нафта за да навалат толку силно да нè ликвидираат. Да. Но имаме нешто друго, огромна културно- цивилизациска меморија и непроценлив имот кого, лакоми, тие го третираат како нафта и сакаат целиот да ни го ишмукаат од душата и да го распродадат на други. Грците и Бугарите ќе се офајдат најмногу. Ме прашуваш уште каков материјал ќе содржи тој „холокаустен“ центар од Букурешт 1913 до Преспа 2018 г. и наваму. Едноставно, како и сите такви центри во светот: архивски документи за македонската гибел, патописен (на странски патописци-сведоци), филмски, фотоматеријал и слично. Доволни се само пет-шест големи сали за едвај селектирано да го зберат, на пример, тој материјал само на таканаречената Егејска трагедија во 1948 година во која веднаш по победата над Хитлер Европа повторно го обнови фашизмот со напалм-бомбите и бомбардерите на европскиот политфашистички тотем Черчил, кој заедно со грчките монархофашисти ги убиваше македонските деца на Грамос и Вичо, чистејќи ја етнички Егејска Македонија од нив за да им се подаде со крвавите европски раце на Грците, „лицем светци, срцем волци“ (Прличев).

Значи, се разбира, во тој меморијален центар на Македонскиот холокауст и ќе стои сликата на Черчил со неговите смртоносни бомбардери. Ќе стои како што стои сликата на Хитлер во еврејските меморијални центри за нивниот холокауст за време на Втората светска војна низ Европа. Но во нашиот центар може ќе нема толку место за Хитлер и нацистите, колку, со право, за модерните европски нацисти во ликот и делото пред сè на бриселските политбирократи, од балканскиот методичар Хан па натаму сè до онаа темна сенка што се вика Могерини, или поарно Моргерини (оти коренот мор, mort значи смрт). Но на чело на сите нив ќе стои големата фотографија на внуката на Фирерот на Третиот Рајх, каква што се покажа кон нас Македонците, фрау Ангела Меркел, црниот ангел на европската либерална демократија со нацимирис. Ќе се склопи списокот на европските идентитетски убијци на Македонците, драг читателу, не се секирај, но барабар со него ќе треба да се склопи акрибично, да не се испушти за да не се навреди некој, и списокот на македонските квислинзи, колаборационисти со евроамерите од Брисел и Пентагон што работеа под полна пареа не три децении, туку последните две столетија на идентитетска и физичка ликвидација на Македонците. Претпоставувам оти знаеш дека на чело на таа македонска квислиншка колона ќе бидат премиерот Заев и неговиот со палеолитски сурат надворешен министер Димитров. Веднаш по нив следуваат и сите славни членови на парламентот што го изгласаа Преспанскиот договор, со најславните меѓу нив, оние осумтемина подлизурковци и неранимајковци сосе нивниот криминал.

Нивните фотографии ќе бидат по ранг на големина колку фотографиите на Заев и Димитров, и поставени во златни рамки за да се разликуваат од другите и јасно да ги препознава народот. Оти тие го забија најдлабоко и најсмртоносно ножот во македонското колективно срце. Тоа. Уште за крај ме прашуваш, драг читателу, и дали ќе дозволи нашата нацивлада изградба на еден таков центар за кој зборуваме во оваа колумна. Искрено, и јас сум песимист како тебе. Не верувам, сè додека не дојдат подобри времиња за тоа. А ќе дојдат, оти Господ не нè заборавил ни во ова безбожно време. Време без Бог, како што би рекле Ниче и Достоевски. Но идејата за меморијалниот центар на холокаустот врз Македонците нема да чека многу време.

Пред тука, постојат големи изгледи таа да биде реализирана во нашата дијаспора, во Австралија или во Канада. Или и на едното и на другото место. Време е да се интернационализира холокаустот врз Македонците, физички и идентитетски, целосно да се разобличи подлото Јанусово лице на Европа, Вавилонската блудница како што правилно ja викаше неа генијалниот прилепски терзија и приказничар Марко Цепенков. А со тоа и на нашите подли предавници на родот. Крајно време е, како Евреите што го демаскираа перверзниот европски антисемитизам, и ние Македонците да го демаскираме нејзиниот антимакедонизам што трае многу долго. Со столетија дури.

Толку за ова и за денес драг читателу. Моите искрени поздрави до тебе до следната наша средба.