Махомс ќе заработи богатство, но не смее да игра кошарка, бејзбол…

62

Не ми се дозволени речиси сите физички активности што обично би можеле да се прават. Тоа значи дека засега ќе се занимавам само со фудбал (американски – н.з.) и со видеоигри, изјави Махомс, кој потпиша 10-годишен договор вреден 503 милиони долари, рекорден во светот на спортот

Рекордниот 10-годишен договор на Патрик Махомс со Канзас сити чифс, шампионот на НФЛ (лига во американски фудбал), во вредност од 503 милиони долари ќе му донесе вистинско богатство, но и ќе му забрани да прави некои навидум обични работи, додека важи договорот. Во интервјуто за „Спортската машина“, Махомс зборува за некои од работите што не ќе може да ги прави во следните десетина години.
– Мислам дека не ми е дозволено да играм кошарка, исто така и бејзбол. Знам дека има уште многу такви работи, како џет-скијање, и какви сѐ не други активности. Не ми се дозволени речиси сите физички активности што обично би можеле да се прават. Тоа значи дека засега ќе се занимавам само со фудбал (американски – н.з.) и со видеоигри – изјави Махомс.

Махомс ќе добие загарантирани 477 милиони долари и можност евентуално да промени неколку точки од договорот, објави неговата агенција. Махомс, кој беше прогласен за МВП на Супербоулот, доби еден тон пораки со поддршка на социјалните медиуми. Тој рече дека е добро да се види такво нешто од луѓе, меѓу кои и од НБА-ѕвездата, Леброн Џејмс.

– Немав идеја дека ми честита Леброн бидејќи јас им го дадов телефонскиот број на сите. Ми се појавуваа само броеви, сите ми честитаа, од колеги до спортисти од другите лиги, а јас само одговарав „благодарам“. Навистина е супер – вели Махомс.