Маслиновото масло е една од најздравите намирници во светот

Маслиновото масло е клучен елемент од медитеранската исхрана, па луѓето што секојдневно го консумираат се поздрави, бидејќи имаат помал ризик да заболат од срцеви болести и висок крвен притисок.

Маслиновото масло е добиено од пресување маслинки. Маслото се користи во козметиката, медицината, кујната, а многумина го користат и за медицински цели, така што пијат маслиново масло наутро.

Кардиоваскуларниот систем ќе ви биде благодарен

Маслиновото масло е одлично за кардиоваскуларниот систем, а тоа најдобро може да се види по статистиката на смртност кај луѓето од Медитеранот, затоа што кај нив минимална е стапката на смртност од кардиоваскуларни болести.
Маслиновото масло превенира од срцев удар.

Научници од Франција заклучиле дека консумирањето маслиново масло може да доведе до превенција и од мозочен удар. Научниците откриле дека постарите лица што користеле маслиново масло во готвењето и салатите имале 41 процент помали шанси да доживеат мозочен удар во споредба со оние што не го консумирале.

Депресијата и маслиновото масло

Луѓето чија исхрана е богата со трансмасти имаат поголем ризик да западнат во депресија, во споредба со оние што немале таква исхрана. Трансмастите се користат во рестораните за брза храна, но и во продуктите што масовно се консумираат.
Според една студија направена во Шпанија, маслиновото масло се смета дека се бори со депресијата.

Добиените податоци од истражувањето направено на 12 илјади волонтери во период од шест години, покажало дека оние што не консумирале маслиново масло имале 48 проценти поголеми шанси да добијат депресија.

Помал ризик за рак на дојка

Научниците од Барселона, Шпанија, дошле до податок дека маслиновото масло ги штити дојките од канцер, во споредба со другите растителни масла.
Откако успеале да ги декодираат сигналите на клетките на туморот на дојката, заклучиле дека маслиновото масло ја намалува активноста на канцерот.

Помага за одржување здраво ниво на холестерол

Една јапонска студија покажува дека лошиот холестерол (ЛДЛ) опаднал кај 28 пациенти што консумирале маслиново масло еднаш дневно во период од шест недели.

Помага и кај Алцхајмерова болест

Олеокантал е вид природна состојка што се наоѓа во маслиновото масло. Во лабораториските експерименти истражувачите откриле дека оваа состојка помага во задржувањето на здравите протеини на мозокот.
Стапката на болни од Алцхајмерова болест е многу помала во медитеранските земји, каде што консумирањето маслиново масло е доста големо.

Има антибактериско дејство

Маслиновото масло содржи многу нутритивни вредности што ги уништуваат лошите бактерии. Една од тие бактерии е хеликобактер пилори.
Едно истражување покажало дека 30 грама маслиново масло дневно може да ја елиминира оваа бактерија за две недели.


Нутритивна вредност

Според американското министерство за земјоделство, 100 милилитри маслиново масло содржи: 800 kcal енергија и 93,3 грама маснотии, од кои 13,33 се заситени и 66,6 се монозаситени
Не содржи протеини и јаглехидрати. Маслиновото масло е исклучително здрава намирница, можеби е и една од најздравите во светот.

[email protected]