Малите половни автомобили се најопасни

428

Најновата студија открива дека користените спортски автомобили и малите користени автомобили при сообраќајки имаат највисок ризик за завршување со фатални последици

Новата студија сугерира дека колку е поголем автомобилот толку е подобар кога станува збор за безбедноста. Новата студија на автомобилскиот онлајн-пазар „АјСиКарс“ покажува дека малите половни автомобили се понесигурни од другите. Нивното истражување покажало дека повеќе луѓе гинат во вакви автомобили при автомобилски несреќи отколку во други поголеми автомобили.

Студијата ги користела извештаите од фатални несреќи на Националната администрација за безбедност на сообраќајот на патиштата во САД, од 2013 до 2017 г. и ги споредила со информациите од базата на податоци за продажба на користени автомобили. Користејќи ги овие податоци направена е рангирана листа на возила со најголем број загинати возачи при сообраќајни несреќи.

На врвот на листата се наоѓаат автомобилите „мицубиши мираж“ со индекс од 10,8, следуваат „шевролет корвета“ со 9,8, „хонда фит“ со 7,7, „киа форте“ со 7,4 и „шевролет спарк“ со индекс од 7,2. Повеќето автомобили поседуваат просечен индекс за безбедност и тој изнесува 2,6. Користејќи ја методологијата „АјСиКарс“ во истражувањето има откриено вкупно 14 модели на автомобили што имале повисок индекс. Како што може да се забележи некои се со двојно поголем индекс од просечниот, а други и повеќе од тоа. Според направената споредба на сите автомобили, со висока стапката на смртност се рангираат малите или спортските автомобили.

Првото возило на листата е „мицубиши мираж“. Тоа е едно од најевтините возила што се продаваат денес, со почетна цена од 14.945 долари. Овој автомобил бил оценет со мала безбедност од Осигурителниот институт за безбедност на автопати според тестот за безбедност на автомобили остварен во 2014 година, додека, пак, оцената се сменила во 2017 година до маргинална безбедност преку овозможените инженеринг-ажурирања насочени кон решавање недостаток.

– „Мицубиши мираж“, како и сите возила на „Мицубиши “, ги задоволува или ги надминува сите федерални стандарди за несреќа. Возилото постигна солиден рејтинг со четири ѕвездички во програмата за процена на нови автомобили на НАБСП, добар рејтинг на скоро сите осигурителни институти, освен на Осигурителниот институт за безбедност на автопатската безбедност. Без оглед на безбедносниот рејтинг, нема две несреќи што се исти, а резултатите од секоја несреќа се различни. Мора да се запомни дека во секој судир на возило со возило, големината е важна. Помалите возила мора да работат понапорно од поголемите за да ги заштитат своите патници, а „Мираж“ ги исполнува или ги надминува сите безбедносни стандарди – изјави портпаролот на „Мицубиши“ за „Фокс њуз“.

Слично на малите автомобили, спортските автомобили обично немаат напредни безбедносни карактеристики надвор од камерата за заден поглед. Исклучок се „доџ чаленџер“ и „шевролет камаро“, кои имаат напредни сигурносни карактеристики на одредени агрегати. „Чаленџер“ вклучува инструменти за предупредување за преден судир, а двата модела на автомобили поседуваат сензори за паркирање и камера за сообраќај во задниот дел. „Шевролет“ не одговори на барањето за коментар за извештајот, но извршниот директор на „АјСиКарс“, Понг Ли, во соопштението за печатот напиша дека „спортските автомобили имаат навистина висок индекс за фатални несреќи. Тие се дизајнирани да им дадат приоритет на брзината и на забрзувањето, па затоа можеби не е изненадување што нивните несреќи резултираат со голем број жртви“.

[email protected]