Лондонскиот мост и македонските работи

344

Познатиот лондонски мост Лондон бриџ е почнат со градба во 1176 г. и е комплетиран во раниот 13-ти век. Додека траела изградбата, околу триесет години, 150 луѓе го загубиле животот. Низ историјата мостот бил нареден како маркет, со продавници, каде што луѓето оделе на прошетка и ги купувале потребните производи. Околу 1750 година на куќите на Лондон бриџ биле тргнати од мостот и голем лак бил направен наместо нив. Во 1820 г. почнал да се гради нов Лондон бриџ, северно од стариот Лондон бриџ, и бил отворен од 1831 г. Истата година е почнато отстранувањето на стариот Лондон бриџ, по живот од 622 години.

Мостот имал голема порта, каде што главите на англиските предавници биле наденувани на долги дрвени стапови и која е демолирана во 1577 г. Подоцна, портата на мостот е урната. Главите и екстремитетите на предавниците биле префрлени на камената голема порта. Оваа практика за англиските предавници почнала во 1304 г. и траела сѐ до 1678 г. Карактеристичен настан бил во 17 век, кога на англискиот предавник Оливер Кромвел главата му била ставена на еден од дрвените стапови, а телото му било прикачено на четири коњи и растргнато на четири дела. Овие растргнати четири дела ги однеле на четирите страни на Англија и во пристаништата на насобраниот народ и им ги покажувале со напомена дека тоа ќе ги снајде ако направат предавство кон сопствената земја.

Во денешно време на јужната страна на мостот има поставен мермерен споменик. Тој споменик е во форма на шилец долг околу десет метри кон небото и е поставен како потсетување за сите оние што „мислат“ нешто лошо да ѝ направат на државата. Оваа сторија може да се чуе во Лондон при кружењето со специјалниот отворен двокатен автобус со водич, кој го кружи градот и раскажува за богатата англиска историја и споменици.

Меѓутоа, каква врска има оваа сторија со нашата денешна состојба во Република Македонија? Денес од страна на меѓународната заедница на Македонците им е одземено природното право да одредуваат свои херои или предавници. Таа, во денешно време нашите македонски херои ги брка, ги суди, ги затвора, медиумски ги блокира, додека, пак, нашите предавници ги удира по рамената и ги наградува.

Томе Секуловски