Лов на клен со помош на цреши или вишни

179

Потребно е да се одбере 100 грама зрело овошје со кое рибарот планира да лови и да се пресува во некој сад, а потоа половината да се натопи со стар бел леб и да се меси со раце, сѐ додека не се добие тесто како пластелин

Ловoт на клен со цреша или вишна може да се врши со помош на тапа, со длабински метод или без ништо, односно само на основниот конец на јадицата и мамката. Риболовот со помош на тапа подразбира потенок конец (0,16-0,2 мм), а тежината на тапата не треба да биде поголема од седум грама.

Ако се лови со длабински систем, тогаш е најдобро да се користи лизгачко олово, за да се добие јасен сигнал дека рибата загризала на мамката, а ако се лови на фиксен систем, рибата нема да се улови, освен ако самата случајно не се закачи.

Ако е водата помирна, може да се користи систем без ништо, односно само со јадица на основниот конец или да се додадат една-две сачми олово за мамката да биде запрена или, пак, лесно да се стркала на дното. Терени за успешен риболов се претежно помирните води.

Должината од оловото до јадицата не смее да биде помала од 30 см, а оптимално е околу 40-50 см, во зависност од теренот и системот на кој се лови. Рибарскиот стап мора да биде мек, за да ги издржи удрите на покрупните риби, а притоа да не го скине тенкиот конец.

Крутите длабински рибарски стапови се чисто промашување за овој систем на риболов. Проблемот може да се јави кога мамката ќе остане на дланката, а за да не се случи тоа може да се користат разни трикови. Еден добар рецепт за подготовка на мамката за клен е следниов: потребно е да се одбере 100 грама зрело овошје, со кое рибарот планира да лови, и да се пресува во некој сад, а потоа половината да се натопи со стар бел леб и да се меси со раце, сѐ додека не се добие тесто како пластелин. Потоа со рацете лесно се додава пресуваното овошје и се продолжува со месењето, сѐ додека не сe добие компактна смеса, од која може да сe направaт топчиња со димензии на вишна.

Од таа смеса на тесто потоа се прават помали погачки и се замотуваат во влажна крпа за да не се исушат. Формираното тесто е најдобро да се приготви 1-2 часа пред да се оди на риболов, а да се употреби најмногу во рок од 48 часа. На самата вода ги формираме топчињата од тесто со димензии на цреша и ги монтираме на конецот, на кој се прават неколку јазли за да не паднат топчињата.

И подготвувањето на местото за риболов е многу битно ако се сакаат добри резултати. А тоа се подготвува така што рибарот неколку дена ќе доаѓа на одредена позиција и ќе фрла по една рака од овошјето со кое планира да лови. Како мамка за клен може да се користи и тесто-паста или цело овошје, а понекогаш добитна варијанта е и ставањето делови на самата јадица од приготвувањето на овошјето.

Ако не може да се набави свежо овошје, тогаш може да послужи и конзервирано, од тегла, конзерва или смрзнато овошје, кое може евтино да се набави во секоја поголема продавница за човечка исхрана. Оние поитрите рибари, пак, секоја година смрзнуваат неколку килограми свежи зрели вишни и потоа ловат до доцна есен.


Ловечките стапици непотребни

За жал, во ловиштата низ светот често можат да се сретнат поставени стапици, сајли, јажиња и други недозволени средства за лов на животни, и тоа најчесто на места каде што обично се движи дивечот. Голем број од овие стапици како и другите недозволени средства за лов, ловните работници и ловџии ги отстрануваат во текот на ловната сезона, односно пред да настрадаат во тие стапици дивечот или ловџиските кучиња.
Покрај тоа што заробените животни во тие стапици многу страдаат, често можат да се најдат и делови од нивните тела што останале во поставените стапици. Не е исклучена можноста и некој ловџија, кому теренот му е непознат, и самиот да биде цел на ваква стапица.
За да се намалат штетите на одгледуваните видови дивеч во ловиштата од поставување разни видови стапици, потребно е да се престане со наводниот изговор дека стапиците се поставуваат за предаторите, кои се опасни по живот за околината. Стапиците и другите недозволени средства за лов најчесто ги поставуваат луѓе што не се ловџии.