Летала соборени или уништени во инциденти во Сирија од 2011 до 2018 г.*

292
Неделава беше соборен руски авион, при што загинаа 15 војници

Руски авион „ил-20“, со 15 војници, неделава беше соборен од ракетните системи на сириската армија, кои стрелале кон израелски ловци над Медитеранот. Израелските авиони „ф-16“ напаѓале цели близу Латакија, а Русија ги обвини дека го користеле нејзиниот авион како штит за да се одбранат од сириските ракети, кои на крајот го погодиле и го собориле. Москва го обвини Израел за „неодговорни дејства“, зашто не ја известил навремено за нападите, со што го принудил авионот да влета во патеката на движење на сириските ракети.

Од почетокот на војната во Сирија, во различни инциденти се уништени или соборени над сто летала, меѓу кои и повеќе дронови. Во војната учествуваат повеќе светски и регионални сили, кои поддржуваат некоја од завојуваните страни, а овие инциденти само потврдуваат колку е опасно сириското небо.