Краткиот „Види ја ти неа“ во Палм Спрингс и во Сиднеј

64

Краткометражниот игран филм „Види ја ти неа“ во режија на Горан Столевски го продолжува својот фестивалски живот во Палм Спрингс, САД и во Сиднеј, Австралија.
Интернационалниот филмски фестивал Палм Спрингс е најголемиот настан за кратки филмови во Северна Америка со околу 4.200 апликации од над 100 земји низ целиот свет. Познат е како прва станица на патот кон „оскарите“ и наградите „бафта“.

Филмскиот фестивал во Сиднеј се одржува секоја година во јуни и го привлекува вниманието на публиката на локално и на интернационално ниво преку прикажување документарни, играни и кратки филмови, ретроспективи и анимации на неколку локации низ центарот на Сиднеј.
„Види ја ти неа“ е приказна за младата девојка Анета, која се обидува да ги реши проблемите во семејството и во училиштето вклучувајќи се во еден исклучиво машки верски ритуал, скокање по крстот за Водици. Улогите во филмот ги толкуваат: Сара Климоска, Игор Ангелов, Пируника Киселички, Антонија Белазелкоска…