Концертот „Амбасада на мајсторство“ со руски музичарки

584

„Амбасада на мајсторството“ е концерт на руски музичарки што ќе се одржи вечерва од 19.30 часот во ликовниот салон на ЦК „Марко Цепенков“, а по повод Денот на победата, 9 Мај. Концертот се реализира во соработка со Амбасадата на Руската Федерација и Санкпетербуршкиот дом на музиката. На пијано ќе настапи Ана Грот, додека на виолина Полина Борисова, а на програмата се дела од Рахманинов, Шопен, Барток, Брамс.

Пијанистката Ана Рот дипломиралa на Централната музичка школа при московскиот државен конзерваториум „П.И. Чајковски“, а во 2014 година дипломирала на самиот конзерваториум во класата на почесната уметница на Русија, професорката Елена Рихтер. Од 2015 година е постдипломка на Московскиот државен конзерваториум „П.И. Чајковски“. Лауреатка е на голем број меѓународни натпревари во Русија и во странство.

Виолинистката Полина Борисова во 2007 година дипломирала на московскиот државен колеџ за музичка изведба „Ф.Шопен“ во класата на почесниот уметник на Русија, професор Ара Богдањан, а во класата на истиот професор во 2012 година дипломирала на московската државна конзерваторија „П.Чајковски“. Во 2014 година станува асистентка-стажантка на конзерваториумот. Од 2015 година е асистентка на професор од Московскиот конзерваториум во класата на Ара Богдањан. Исто е лауреатка на меѓународни натпревари во Русија и во странство. Полина Борисова свири на виолината на мајсторот Жан Баптисто Вилома, обезбедена од Државната колекција на уникатни музички инструменти.