Комедијата „Нема да може оваа вечер“ доаѓа во кината

521

Наскоро и нашата публика ќе може да ужива во урнебесната комедија „Нема да може оваа вечер“, бидејќи филмот по премиерата во САД ќе почне да се прикажува и во Европа.
Приказната почнува кога родителите го откриваат планот на својата малолетна ќерка да ја загуби невиноста на матурската вечер, со што ќе му докаже на своето момче колку го сака. Тие организираат едновечерна тајна операција за да ги запрат младите во нивната намера.
Филмот е режисерско деби на Кеј Кенон, кого досега го знаевме само како успешен сценарист. Во актерската екипа се: Лесли Мен, Ајк Баринхолџ и Џон Кена, глумци што досега оствариле низа успешни улоги во овој филмски жанр.