Колку е здрав благиот компир?

Изминатите неколку години во земјава сѐ почесто во исхраната се употребува слаткиот компир, познат како батат. Многумина се прашуваат колку е здрав овој компир за консумирање.

Жителите на Окинава важат за едни од луѓето со најдолг животен век во светот. Една од нивните тајни е и секојдневното консумирање на бататот. Слаткиот компир е богат со растителни влакна и антиоксиданси. Една студија објавена во списанието „Интерна медицина“ во 1994 година, покажала дека луѓето што консумирале сладок компир имале низок крвен притисок и немале проблем со вишок килограми. Речиси ретко кој од нив имал срцеви болести, удари или некоја друга од современите болести.

Како што веќе напоменавме, бататот е богат со растителни влакна, витамин Ц, калиум, витамините Б3, Б5 и Б6, манган, магнезиум и бакар. Портокаловиот вид сладок компир, оваа боја ја добива поради тоа што во неговиот состав има бета каротен, што во исто време е и пигмент и антиоксидант. Богат е со протеини, кои се одлични во борбата со вишокот килограми. На организмот му нуди големо количество витамин А чиј недостиг во организмот на светско ниво води кон слепило кај децата. Се проценува дека од 250 илјади до половина милион деца ослепуваат секоја година како резултат на недостиг од овој витамин. Целата оваа состојба би можела да се спречи доколку на овие деца во секојдневната исхрана би им била понудена порција со сладок компир.

Десет здравствени придобивки од бататот

– Поради тоа што е одличен извор на растителни влакна, бататот дава одлична поддршка на дигестивното здравје, со што превенира констипација и сериозни заболувања како што е канцерот на дебелото црево. Еден компир со средна големина има шест грама растителни влакна. Бататот исто така нуди и скроб, кој е задолжен за добрите бактерии во телото.

– Високиот состав на растителни влакна во бататот всушност е одличен за лошиот холестерол (ЛДЛ), со што се превенираат кардиоваскуларните болести. Богат е и со калиум што на организмот му помага во одржувањето на здрав крвен притисок.

Растителните влакна и јаглените хидрати можат да ви помогнат во одржувањето на крвниот притисок. Една студија објавена во 2004 година во списание за дијабетес, покажува дека екстрактот од батат помага во намалувањето на шеќерот во крвта особено кај луѓе што боледуваат од дијабетес тип 2.

– Поради тоа што е богат со антиоксиданти, тој го штити имунитетот. Еден компир со средна големина содржи 52 проценти од потребниот дневен внес на витамин Ц, што е важно за обновувањето на ткивата. Изобилството со витамин А, пак, е одлично за поттикнување на имунитетот во борбата со инфекции и болести.

– Во својот состав нуди неколку состојки што се одлични за здравјето на очите. Алфа каротен, бета каротен, лутеин и зеаксантин се состојките што се одлични за очите.
– Слаткиот компир има состојки што помагаат во работата на мозокот. Манганот и холинот се одлични за подобрување на работата на мозокот.

– Слаткиот компир може да ви помогне да се релаксирате. Високото ниво на магнезиум игра огромна улога во смирувањето на мозокот. Недостигот од магнезиум се поврзува со депресија и главоболки.

– Високото ниво на витамин А е круцијално за репродуктивното здравје.
Исто така бататот нуди големо количество железо што е исто така важно во битката со неплодноста.

– Слаткиот компир е богат со антиоксиданти што се борат со канцерот. Повеќе од 80 проценти од протеините во бататот се протеини што се борат со ракот. Неколку студии покажале дека оваа состојка кај луѓе болни од канцер помага во намалување на ширењето на ракот.

– Консумирањето на бататот може да помогне во намалувањето на воспаленијата. Високото ниво на витамин Ц, магнезиум и бета каротен е одлично доколку се соочувате со воспаленија.

daniela.t@novamakedonija.com.mk