Квантниот компјутер на „Гугл“ многу побрз од старите суперкомпјутери

701

Со новите технологии, како квантната технологија, која ги крши границите за големи брзини на процесирање, големите корпорации бараат создавање квантни компјутери за секојдневна употреба. На овој начин би се овозможило вршење важни работи, како создавање нови материјали, дизајнирање нови лекови на молекуларно ниво, оптимизирање финансиски инвестиции и забрзување на испораката на пакетите. Сепак, ова е невозможно поради тоа што квантните компјутери се скапи, бараат специфични материјали и мора да работат на температура околу апсолутната нула

Новите тестирања за брзина покажаа дека квантниот компјутер на Гугл ја надмина обичната компјутерска технологија. Резултатите од истражувањето „Гугл“ ги објави во списанието „Нејчр“. Ова претставува важна пресвртница и нов револуционерниот начин на обработка на податоците. Од компанијата велат дека ова постигнување е резултат на работа повеќе од една деценија, вклучувајќи и употреба на свој квантен компјутерски чип, наречен сикамор, се наведува на страницата на „Цнет“.
– Нашата машина ја изврши целната пресметка за 200 секунди, а од мерењата во нашиот експеримент утврдивме дека на најбрзиот суперкомпјутер на светот ќе му бидат потребни 10.000 години за да се произведе сличен резултат – велат истражувачите на „Гугл“ во блог-пост на својата страница.

Во септември протече вест со објавување на оваа публикација дека квантните компјутери би можеле да излезат од лабораториите за истражување и да се појават како секојдневни компјутери. Квантното компјутерско достигнување во секојдневието би дошло како надградување на класичните компјутери. Со заменување на брзината на општите процесори со квантни, би се овозможило вршење важни работи, како создавање нови материјали, дизајнирање нови лекови на молекуларно ниво, оптимизирање финансиски инвестиции и забрзување на испораката на пакетите.

Сепак, оваа замисла е невозможна во блиска иднина. Еден од истражувачите, Хартмут Невен, ги отфрли критиките дека резултатите од истражувањето се само тесна победа.
– „Спутник“ не направи многу. Ни ја обиколи Земјата. Сепак, тоа беше почеток на вселенската доба – изјави Невен, наведуваат на „Цнет“.

Можеби во секојдневието нема да се забележат овие компјутери, сепак тие ќе бидат важен двигател за вселенските патувања. Невен на прес-конференција зборуваше за квантната компјутерска лабораторија на „Гугл“ во Санта Барбара, Калифорнија, која претставува вистинска пресвртница во вселенската трка и развој на лунарниот ровер на мисиите Аполо.

Огромна индустрија е посветена на подобрување на класичните компјутери, но мал број скапи лаборатории во компании како „Гугл“, „Интел“, „Мајкрософт“, „Хонивел“ и ИБМ се посветени на создавање квантни компјутери за општа намена. Но квантните компјутери се фини уреди, кои бараат специфични материјали и работат во околина нешто над апсолутната нула. Затоа сѐ уште не може да се очекува појава на квантен компјутер во секојдневната употреба.

Тестот за брзина на „Гугл“ има апликации за компјутерска работа во полето на вештачка интелигенција, науката за материјали и генерација на случаен број, се наведува во истражувањето. Истражувачите на квантни компјутери на „Гугл“ веќе разговараат со членовите на безбедносниот тим на Гугл за тоа како технологијата за случајни броеви може да се користи за генерирање енкриптирачки клучеви.