Кафкоманија во Прага

54

Oва лето светските медиуми, како и чешките, понагласено се занимаваат со Кафка. Се објави веста дека Германија ќе ѝ предаде на израелската национална библиотека дел од списите на Макс Брод, неразделен другар на Франц Кафка

Главниот град на Чешка, како што често се вели, е епицентар на планетарно познатиот писател Франц Кафка. Далеку од тоа дека сите Кафкини туристи ги прочитале неговите дела, многумина дури и не чуле за него. За нив е доволно тоа што името на Кафка и неговите еврејски корени имаат глобално значење. Тоа е, за жал, и симбол на транснационалните културни снобови. Кафкоманијата, дури, ја потиснува и Кафкината магија – не само во Прага туку и на другите места кај што престојувал големиот писател. Во северна Бохемија, на пример, кај што Кафка одел кај сестра му Отла и каде што ја нашол инспирацијата за прочуениот ,,Замок“. Оној замок, кој зимата кога дошол Кафка кај сестра му бил обвиткан во магла и темница, опишан во неговиот роман објавен дури по неговата смрт. Денес ,,Замок“ е светски бестселер. Една од причините за тоа најверојатно е што судбината на главниот јунак им е блиска на читателите низ светот, зашто сите водат животна борба со самовљубените бирократи, а таа си трае, си трае…

Сите места поврзани со животот на Кафка, дури и осигурителната фирма, се цел на интерес на туристите. Меѓу нив има и вистински вљубеници во книжевноста на Кафка, но туристичките водичи не можат да се изначудат дека има толку многу посетители ,,по стапките на Кафка“, кои не го прочитале ни неговиот најпознат краток расказ ,,Промена“ и дошле во Чешка само за маици со ликот на Кафка.

За пример се посочува Златни Гори, каде што Кафка, според некои историчари, првпат водел љубов со жена кога престојувал таму 1905 и 1906 година, на два лекарски третмани. Дури и според германскиот историчар Рајнер Стах, кој во 2017 година издаде најобемна монографија за животот и делото на Кафка (само првиот дел во Чешка е продаден во неверојатни 30.000 примероци), Златни Гори е најважно светло место во биографијата на Кафка. Досега, кафкијанската енергија не е исчезната од градот Јесеник – дошло до застој во тоа дали тоа да се заборави или не.

Oва лето светските медиуми, како и чешките, понагласено се занимаваат со Кафка. Се објави веста дека Германија ќе ѝ предаде на израелската национална библиотека дел од списите на Макс Брод, неразделен другар на Франц Кафка. Како што се наведува, документите се украдени во Тел Авив пред десет години, а во Германија се наоѓаат од 2016 година. Конкретно, предадени се пет илјади папки, од кои многу се поврзани со Кафка. Полицијата ја покажа разгледницата што во 1910 година ја напишал Кафка. Некои стручњаци во вратените документи очекуваат сензационални наоди, други, пак, се скептици. Во 1924 година Брод ги презел ракописите на својот долгогодишен пријател, иако, како што е познато, желбата на Кафка била тие да се спалат. Желбата на покојникот не е исполнета и затоа ние денес можеме да уживаме во романтиката на ,,Процес“, ,,Америка“ или ,,Замокот“, што Брод ги нашол меѓу текстовите.

Пред да умре во Тел Авив во 1958 година, Брод изјавил дека негова опсесија е сѐ со што располага во врска Кафка, да му биде предадено на јавниот архив. Но секретарот на Брод, Естер Хофе, ја задржал архивата и почнал да ја продава на аукции. Врв било кога во 1988 година продал еден ракопис на Кафка за два милиона долари. За среќа, купувачот му го продал на германскиот книжевен архив во Марбах, каде што се чува и денес. По смртта на секретарката на Брод, нејзината ќерка го презела правото за наследството на Кафка. Меѓутоа, некои од архивите се украдени од крадци, а остатокот бил скриен на сигурно – во една швајцарска банка. Илјадници документи пронајдени во Германија се чуваат во Израелската национална библиотека. Таа ги бара и другите ракописи, но банкарските сефови уште не се отворени. ,
– Спорот околу наследството е толку апсурден, што потсетува на романите на Кафка – напиша американскиот весник ,,Њујорк пост“.

Мајка му на Кафка често повторувала дека нејзиното дете има мошне кревка природа. Тоа подоцна невообичаено се потврдило, кога, кревајќи една шахта, Кафка проценил дека не е физички доволно подготвен за својот живот и почнал себеси да се нарекува скелет. Знаел дека е премногу нежен, но не бил загрижен за своето тело – не можел слабоста да ја реши со природно исцелување – чист планински воздух и здрава храна. Од неговата болест во тоа време умирале половината од пациентите. Така завршил и тој во декември 1924 во Виена. Последното што го напишал, било писмото до најдобриот другар Макс Брод со молба да ги запали сите негови необјавени ракописи.
Макс Брод не го послушал и неговото ,,предавство“ се покажа како извонредно корисно за светската литература. Романите на Кафка (,,Процес“) се чекани до 1958 година, а повеќето дела на Кафка се објавени во шеесеттите години. Во текот на т.р. ,,нормализација“ делата на Кафка стануваат достапни. По чешката Кадифена револуција, пак, се случува вистинска кафкоманија, што ја прават главно странците, кои конечно можат да ја разгледаат Прага. 

– Делото на Кафка не е толку познато во однос на она што Кафка го направил како личност за славата што ја стекна Прага, како и за многуте книги што се напишани за него – запишаа угледниот истражувач на Кафкиното дело Радек Мали. Кафка е човек на неговото и на нашето време, велат мнозина, подвлекувајќи дека ,,нема да живееме без систем и нема да живееме доволно слободно во кој и да е систем“. Не станува збор само за општествените системи туку и за културните, семејните, биолошките и јазичните – затоа Кафка и останува силен автор на човечката историја.