Како полесно да го бојадисате домот

433

Најлесниот начин за трансформација и освежување на домот во пролетните денови е да ја промените бојата на ѕидовите.
Бојосувањето на целиот дом или, пак, на неколку простории може да биде исцрпувачко и тешко, но со малку труд и фантазија може да се постигне многу ефектна трансформација. Како да направите бојосувањето да ви биде забавно? За да го поедноставите бојосувањето и да го направите забавно, применете некои од ги следниве трикови:

Исчистете ги ѕидовите
Избришете ја прашината со сува крпа, отстранете ги пајажините и нечистотијата. Ако на ѕидовите има нерамнини, измазнете ги, а струганиците избришете ги или вшмукајте ги со правосмукалка.

Прескокнете ја тонската карта
Не можете да се потпрете на мал примерок боја ставен на вашиот ѕид за споредба. За да ја одберете најблиската нијанса до онаа што си ја замислувате, најдобро е да бојосате еден дел од ѕидот и да почекате неколку дена за да видите како изгледа таа боја во различни делови од денот, под природна и вештачка светлина, како и дали се вклопува со мебелот.

Основната бела боја не е секогаш најдобар избор
Ако сакате да добиете потемна нијанса на вашите ѕидови, користете основа чија нијанса тежнее кон вашата посакувана боја. Така ќе постигнете најдобра покриеност со помалку слоеви боја.

Справете се со испарувањето
Ако ви пречи испарувањето на бојата за време на бојосувањето, додајте една или две капки екстракт од ванила во кантата со боја. Тоа ќе им даде пријатен мирис на ѕидовите што ги бојосувате. Во секој случај, отворете ги прозорците за време на бојосувањето.

Не трудете се да бојосувате по права линија
Трикот е да бојосувате во облик на буквата W, а потоа истата површина на ѕидот повторно да ја бојадисате со хоризонтални движења. Тоа помага бојата рамномерно да се распореди по ѕидот, а и да не биде во дебел слој во некои делови.

Балсам за усни или вазелин како помош при бојосувањето
Ако бојосувате врати или прозорци, балсамот за усни или вазелинот можат да ви ја олеснат работата. Кога бојосувате прозорци, нанесете балсам на делот на стаклото што се наоѓа на рамката на прозорецот. На тој начин, ако бојата се пренесе на стаклото додека го бојосувате прозорецот, ќе можете да ја отстраните многу лесно. Ако ја бојосувате вратата, ставете вазелин на шарките и ќеси на кваките.

Избегнете ја разликата во нијансите на ѕидот
Ако бојосувате поголема површина ѕидови и потребни ви се повеќе кофи боја, измешајте ги сите во една поголема за да ги избегнете разликите во нијансите на ѕидот.