И „Нова Македонија“ дел од настанот

730
Поповска, Цветановски, Јачевска и Заревска Фото: Дарко Андоновски

Боите на Редакцијата на „Нова Македонија“ на скопскиот маратон ги бранеа новинарите Антонија Поповска, Сања Јачевска, Радмила Заревска и Гоце Цветановски. За Јачевска ова беше четврти настап на полумаратонската трка, а за Цветановски осми. Поповска и Заревска вторпат трчаа на пет километри.
– Прекрасно е да се биде дел од оваа манифестација. Атмосферата е мотивирачка, ни годеа поддршката и аплаузите на публиката. Овој ден е празник за градот, ден кога човек има чувство дека живее во просперитетно општество – изјави Поповска, која, како и Заревска, годинава ги подобри личните постигнувања.

Јачевска настапи на полумаратонската трка и, како што вели, уживала во секој чекор минат на патеката.
– Скопскиот маратон е дефиниција за позитивна манифестација на која диџеите и уличните свирачи дополнително ѝ дадоа шмек. Целиот амбиент ми беше голем поттик, годинава имаше најмногу тркачи, а секоја година има и сѐ повеќе полумаратонци. Сакав да го подобрам личниот рекорд, но не успеав. Следната година се надевам на подобро време – изјави Јачевска, која патеката ја истрча за 2,20 часа.