И кучињата сакаат на море

122

Во прилог 10 раси кучиња што во вода се чувствуваат попријатно

„Семејството на море, а кучињата на улица?!“ е кампањата со која здруженијата за животните секоја година апелираат сопствениците на кучиња во сезоната на годишни одмори да не ги оставаат своите миленици дома.

И кучињата сакаат да уживаат во морските радости, некои можеби одморајќи во ладовина подалеку од водата, но има и такви што едноставно сакаат да бидат во вода и да пливаат. За сите сопственици единствени опции кога одат на одмор се да ги остават на сигурно место и кај луѓе во кои имаат доверба или да ги понесат со себе.
Десет раси кучиња или мешавина од нив, кои ќе бидат особено воодушевени од времето поминато на море, затоа што едноставно ја обожаваат водата.

Секако, кучињата никогаш не треба да ги форсирате да влезат во вода, туку тие самите треба да го направат тоа во моментот кога ќе се почувствуваат подготвени, бидејќи во спротивно целото искуство може да биде трауматично. Дајте им време да се запознаат со водната површина за опуштено да уживаат во морето.

Лабрадор ретривер
Припадниците на една од најпопуларните раси во светот се познати по својата огромна љубов кон водата и пливањето. Помеѓу оваа раса има многу одлични пливачи и на нивната среќа ѝ нема крај кога ќе добијат можност да ги наводенат шепите.

Златен ретривер
Златниот ретривер и лабрадор ретриверот, ги обожаваат водата и игрите во вода. Нагонот за игра во вода е огромен кај оваа раса, па не е невообичаено да видите златен ретривер што ја користи секоја капка вода за да се забавува во неа.

Њуфаундленд
Оваа величествена раса од Канада е всушност одгледана за спасување во вода, а нивната големина и сила им овозможуваат да бидат одлични во извршувањето на задачите. Долгото, густо влакно им овозможува да уживаат во ладна вода без последици по здравјето.

Пудлица
Помалку е познато дека и пудлиците се една од расите одгледани за собирање предмети и животни во вода. Затоа немојте да се изненадите ако вашата пудлица се затрча кон водата бидејќи таа љубов им е во гените.

Португалско водно куче
Некогаш задача на оваа раса им била собирање риби во рибарските мрежи, а биле и тренирани да пронајдат дупки во мрежите, како и изгубен рибарски прибор. Многу припадници на оваа раса и денес се одлични пливачи.

Англиски сетер
Оваа раса често се чувствува поубаво во вода отколку на земја. Во вода кучињата од оваа раса се како во природна средина. Изворно се одгледувани за пронаоѓање птици на англиските мочуришта.

Ирски сетер
Овие кучиња се мешавина од најдобрите особини од неколку раси, вклучувајќи англиски сетер, поинтер, ирски териер и ирски воден шпаниел. Еднакво добро се забавуваат на отворено поле и кога нуркаат и пливаат во вода.

Ирски воден шпаниел
Оваа раса кучиња се најголемите шпаниели и едни од најстарите. Денес е сѐ поретко одгледувањето на оваа раса, а секој што сака ирски шпаниел за куќен миленик мора да му овозможи доволно движење и ментална стимулација.

Ретривер чесапик
Оваа преубава раса е слична на лабрадор ретриверот, но имаат брановито влакно и силен темперамент. Во согласност со генот, обожава во вода.

Шпанско водно куче
Припадниците на оваа доста стара раса имаат слично потекло како и другите европски водни раси кучиња. Поголем дел од нивната историја е поврзан со вода, но имаат и вроден инстинкт за собирање стада.