И за ФИФА најдобри се Роналдо, Модриќ и Салах

55

Наградата за фудбалер на годината ФИФА ќе ја додели по три недели

Истите тројца фудбалери што беа во трка за најдобар фудбалер во изборот на Европската фудбалска унија (УЕФА) се во трка и за наградата најдобар на Светската фудбалска федерација (ФИФА).

Тројцата најдобри за годинава се Кристијано Роналдо (Португалија), Лука Модриќ (Хрватска) и Мохамед Салах (Египет). ФИФА најави дека победникот треба да го објави на свечена церемонија на 24 септември во Лондон. Во изборот на УЕФА победи Модриќ.
ФИФА во Лондон ќе ги прогласи и најдобрите во категориите фудбалерка, голман, тренер на машки тим, тренер на женски тим, специјална навивачка награда и признание за најубав гол.


КАНДИДАТИ ЗА НАГРАДИТЕ НА ФИФА ЗА 2018 ГОДИНА
НАЈДОБАР ФУДБАЛЕР: Кристијано Роналдо (Португалија), Лука Модриќ (Хрватска), Мохамед Салах (Египет)
НАЈДОБРА ФУДБАЛЕРКА: Ада Хегерберг (Норвешка), Џенифер Марошан (Германија), Марта (Бразил)
НАЈДОБАР ГОЛМАН: Тибо Куртоа (Белгија), Уго Лорис (Франција), Каспер Шмајхел (Данска)
НАЈДОБАР ТРЕНЕР НА МАШКИ ТИМ: Златко Далиќ (Хрватска), Дидие Дешам (Франција), Зинедин Зидан (Франција)
НАЈДОБАР ТРЕНЕР НА ЖЕНСКИ ТИМ: Рејналд Педрос (Франција, тренерка на Лион), Асако Такакура (Јапонија, селекторка на Јапонија), Сарина Вигман (Холандија, селекторка на Холандија)
НАВИВАЧКА НАГРАДА НА ФИФА: Навивачите на Јапонија, Сенегал, Перу и „осамениот патник“ на СП, Себастијан Карера
НАЈУБАВ ГОЛ: конкурираат 10 фудбалери