Испраќајте творби за фестивалот „Стихувалки 2018“

960

Отворен е Конкурсот за поетскиот фестивал „Стихувалки 2018“.
Во продолжение следуваат условите за пријавување.
Право на учество имаат сите афирмирани и неафирмирани автори од Македонија (постари од 18 години) што пишуваат поезија за деца.
Заинтересираните треба да ги почитуваат следните пропозиции на конкурсот:
• се испраќаат најмногу 3 песни со должина од 12 до 20 стиха на мејлот: [email protected], со назнака „За конкурс“;
• песните се потпишуваат со полно име и презиме, адреса, број на телефон и личен мејл.
Треба да бидат напишани во Ворд (тајмс њу роман, големина на буквите 12), задолжително лекторирани.
• Темата на конкурсот е слободна.
• Рокот за пријавување е 30 април.

НАГРАДИ:

Тричлена комисијата ќе ги избере најдобрите песни за деца што ќе бидат објавени во посебна збирка поезија за деца и ќе додели седум награди (парични и плакети), а својата одлука ќе ја соопшти на 30 мај.
Сите автори-учесници на конкурсот ќе можат да присуствуваат на централната манифестација – фестивалот на поезија за деца „Стихувалки“, што ќе се одржи на 5 октомври, кога свечено ќе бидат доделени наградите.
Побрзајте, ве очекуваме во голем број!