Иран повторно почна со збогатување ураниум?

52

Иран порача дека ќе ја информира надзорната агенција на Обединетите нации во Виена оти почнува процес за зголемување на сопствените капацитети за збогатување ураниум. За иранската агенција ИСНА тоа го потврди портпаролот на Организацијата за атомска енергија на земјата, Бехруз Камалванди.
– Во писмо што ќе биде предадено до Меѓународната агенција за атомска енергија… Иран ќе објави дека процесот за зголемување на капацитетот на производство… на УФ6 (ураниум хексафлорид)… ќе почне во вторник – порача Камалванд.