Израмнет рекорд – и годинава 21 трка во Ф1

179

В недела почнува 72-та сезона во Формула 1, традиционално со трката во Мелбурн (Австралија). Десетте тима, со вкупно 20 возачи, за нова титула ќе се тркаат на рекорден број патеки, 21 (една повеќе од минатата година) на пет континента. И во 2016 година се возеа 21 трка, а по 20 имаше во 2017-та и во 2012 година. Во однос на минатата сезона, годинава ќе нема трка во Малезија, а се враќаат трките во Франција (по 10 години отсуство) и во Германија (по една година пауза).