Изложба на фотографии на Дражан Брачиќ во Кичево

158

По подолг период летово еден културен настан ќе се случи во Центарот за култура во Кичево, кога ќе биде отворена изложбата на фотографии на Дражан Бачиќ со работен наслов „Ритам во кадар“.

– Вечерашната изложба е плод на долгогодишно фотографирање музички настани, на кои е доловена атмосферата од концерти, забави и свирки. Фотографиите направени на музички настани што се случиле на импровизирани сцени и простори каде што импонира енергијата и емоциите искажани на сцената од страна на бендот, без разлика на неговото име и реноме – истакна Маја Николоска Сиљаноска, од Центарот за култура во Кичево.

Брачиќ е автор на три самостојни изложби, учесник на над 60 изложби од домашен и меѓународен карактер, прикажани во повеќе земји како, Бугарија, Црна Гора, Франција, Хрватска, Србија, Русија, Турција, Словенија, Индонезија и Македонија. Тој е добитник и на повеќе меѓународни признанија за фотографија и автор на над 100 фотографии објавени во книги, брошури, каталози и постери.
Изложбата ќе биде отворена вечерва во 20 часот во ликовната галерија од Центарот за култура и ќе трае седум дена.