Изложба на слулптури од Наим Исени

323

Во Културно-информативен центар во изложбениот салон „Империјал 2“, вечерва, во 20 часот, ќе се отвори изложба на слулптури од Наим Исени. Наим Исени е роден во 1966 година, во с. Ваксинце, Куманово. Дипломирал на Факултетот за уметности, отсек – скулптура, во Приштина во 1992 година, во класата на Агим Чавдарбаша.

Магистрирал на Факултетот за уметности, отсек – скулптура, во Приштина во 2002 година, во класот на Агим Руди на темата „Форми и простори во современата скулптура“. Имал самостојни изложби во Куманово, Скопје, Приштина, а учествувал на повеќе групни изложби во Македонија, Косово, Албанија, Канада и во Италија. Од 2003 година учествувал на повеќе групни изложби во Ванкувер, Канада. Од 2005 година е член на Асоцијацијата на скулптори на Британска Колумбија во Ванкувер.