Изложба на Женета Гелевска во „Акантус“

284

„Верувам дека можам да летам“ е насловот на самостојната изложба на Жанета Гелевска-Вељановска, која вечерва, во 20 часот, ќе биде отворена во галеријата „Акантус“.

Кураторката на изложбата Дијана Томиќ-Радевска, по повод ова претставување на сликарката, меѓу другото напиша дека таа со своите педесетина дела, изработени во различни техники, ќе иницира една желба за достигнување на невозможното – летањето. Таа посочува и дека Гелевска-Вељановска живее во Англија, каде што сега работи како уметница со полно работно време, но и дека секогаш експериментира.
– Нејзините слики се уникатна комбинација, постигната со комбинирање акрилни и мешани медиуми и низа необични материјали – вели кураторката.