Иванов го победи прворангираниот Кала на ЕП за млади

314
Антон Златков

Пет победи и четири порази е вкупниот епилог на 10-те македонски претставници, во 1-то коло на Европското првенство (ЕП) за млади во шах, што во осум возрасни категории (8, 10, 12, 14, 16 и 18 год.) се игра во летонскиот град Рига, во девет кола. Најпријатното изненадување го приреди најмладиот во македонскиот состав, Андреј Иванов (до 8 год.), кој со црни фигури го победи прворангираниот во оваа категорија, Швајцарецот Кала Удили, притоа заработувајќи нови 36,8 рејтинг-поени!

Цел поен од Македонците уште впишаа Михаела Зрмановска (10), Антон Златков (12), Емил Ристески (14), ФМ Тони Лазов (18), додека слободна во 1-то коло беше Ана Златкова (14), со што автоматски доби цел поен. Македонските надежи во Рига ги предводи искусниот тренер, ИМ Орце Данчевски. На ЕП играат вкупно 1.074 шахисти/ки (1 ВМ, 1ЖВМ, 13 ИМ, 5 ЖИМ, 78 ФМ, 43 ЖФМ) или 200 со титули, од 47 држави. 


Резултати 1. коло
8 год. Удили (Швајцарија, 1.756, рангиран прв) – Иванов (1.132, 39-ти) 0-1
10 год. Ортиз (Шпанија, 1.536, 49-ми) – Муча (1.052, 115-ти) 1-0
12 год. Златков (1.788, 47-ми) – Далецкис (Летонија, 1.331, 109-ти) 1-0
14 год. Ристески (2.081, 41-ви) – Киен (Монако, 1.906, 103-ти) 1-0
16 год. ФМ Веига (Португалија, 2.258, 35-ти) – Велјаноски (1.906, 91-ви) 1-0
18 год. ФМ Лазов (2.292, 33) – Заиковскис (Летонија, 1.884, 70-ти) 1-0
10. год. Киртатзе (Грузија, 1391, 13-та) – Давиткова (1.075, 48-ма) 1-0
12 год. Зрмановска (1.254, 69-та) – Ломакина (Украина, 1.627, 28-ма) 1-0
14 год. Ана Златкова (1.065, 93-та), слободна во 1-то коло.
18 год. ЖФМ Носачева (Русија, 2.127, 17-та) – Манова (1.809, 50-та) 1-0