Зошто да го започнете денот со ѓумбир?

Иако појадокот е еден од најважните оброци во денот, сепак пред да појадувате, воопшто не би било погрешно да консумирате ѓумбир. Оваа суперхрана има многу здравствени придобивки, а лесно може да се додаде и во вашиот појадок. Независно дали сакате да го скриете силниот вкус со путер, или не, ѓумбирот е најдоброто нешто што може да му го понудите на вашиот организам.

Зачинете го утринското кафе

Кафето и ѓумбирот во комбинација се одлични во борбата со слободните радикали, особено затоа што кафето е една од намирниците што важат за силни антиоксиданти. Ваквото кафе го консумираат на Средниот Исток и ќе ви помогне во одличната дигестија.

Чај од ѓумбир, за да ја задоволите дневната доза на витамин Ц

Чајот од ѓумбир е популарен пијалак, кој во студените зимски денови ќе ве затопли. Не само што ќе го загрее вашето тело туку и ќе го смири нервозниот стомак. Една шолја чај ќе ви помогне да ги смирите утринските мачнини, а одличен е и за бремени жени што во првите три месеци имаат проблем со утринските гадења и повраќања. Според едно истражување направено на 1.278 бремени жени, 1,1 до 1,5 грам ѓумбир значително им помогнал во справување со утринските мачнини. Лесно можете да направите чај од ѓумбир во домашни услови. Изрендајте ѓумбир, ставете го во вода што врие десетина минути, додајте мед или шеќер за вкус и слободно почестете се.

Содржи гингерол, состојка со моќни медицински можности

Ѓумбирот има долга медицинска историја. Одамна се користи во алтернативната медицина. Се користи како помош за дигестија, настинки и грип.
Може да се користи секако, свеж, сушен, во прав, како чај или сок. Има моќно антивоспалително дејство и антиоксиданти.

Може да помогне во намалување на мускулната болка

Научно е докажано дека ѓумбирот помага при болка во мускулите како резултат на вежбање. Една студија покажала дека консумирањето два грама ѓумбир дневно, во период од 11 дена, значително ја намалило болката кај луѓето. Иако нема брзо дејство, секојдневното консумирање ќе ги даде потребните резултати.

Помага при состојби како што е остеоартритис

Остеоартритисот е сѐ почесто заболување, а ѓумбирот може да помогне за олеснување на симптомите и лекување. Во истражување направено на 247 лица што имале остеоартритис на колената, оние што консумирале ѓумбир имале помалку болки од оние што не консумирале.

Може драстично да ги намали шеќерот во крвта и ризикот од срцеви заболувања

Иако ова поле на истражување е релативно ново, сепак, науката покажува дека ѓумбирот има. Во една студија направена во 2015 година, на 41 учесник со дијабетес тип 2, два грама ѓумбир во прав дневно успешно го снижувало нивото на шеќерот во крвта за неверојатни 12 проценти.

Ја намалува и менструалната болка

Менструалната болка е доста честа кај жените. Иако со различен интензитет, таа може да биде исклучително болна и непријатна и да го попречи нормалното функционирање на жената.
Бидејќи важи за природен аналгетик, ѓумбирот може да помогне и при оваа состојба. Една студија направена на 150 жени што имале болни менструални циклуси и кои консумирале ѓумбир на дневна основа покажала дека им се намалиле болките, кои се најсилни во првите три дена од циклусот.


Нутритивна вредност на ѓумбирот

Сто грама ѓумбир содржи:
Калории 80
Заситени масти 0,2 грама
Полинезаситени масти 0,2 грама
Мононезаситени масти 0,2 грама
Холестерол 0 грама
Натриум 13 милиграми
Калиум 415 милиграми
Јаглехидрати 18 грама
Диететски влакна 2 грама
Шеќери 1,7 грам
Протеини 1,8 грам
Калциум 1 %
Витамин Ц 8%
Железо 3 %
Витамин Б6 10 %
Магнезиум 10 %

[email protected]