Здравствените придобивки од кивито

Кивито е овошје со мал број калории. Ја одржува кожата здрава, го намалува крвниот притисок и е одлично во борбата со срцеви болести и удари, дијабетес, канцер… Студиите покажаа дека неговото зголемено консумирање го намалува ризикот од прекумерна телесна тежина. Кивито е богато со бакар, витамин К, магнезиум и фосфор. Спаѓа во овошјата со најголемо количество витамин Ц.

Здрав изглед на кожата

Колагенот, кој е еден од главните елементи на кожата, е зависен од витамин Ц, со кој кивито изобилува. Овој витамин е есенцијален нутриент и антиоксидант. Помага во превенција од изгореници од сонцето и од загадување и ја подобрува текстурата на кожата.

Подобар сон

Една студија покажува дека кивито помага кај луѓето што имаат проблеми со спиењето. Луѓето што јаделе киви имале поквалитетен и подобар сон од оние што не јаделе.

Здраво срце

Растителните влакна и калиумот во кивито го подобруваат срцевото здравје. Зголемениот внес на калиум може да го намали ризикот од кардиоваскуларни болести. Во една студија, објавена во весникот „Архиви на интерната медицина“ е наведено дека оние што консумирале 4.069 милиграми калиум дневно, имале 49 проценти помал ризик од смрт поради срцеви болести, во споредба со оние што не консумирале или консумирале помало количество калиум.

Одлично е во борбата со камен во бубрезите

Високиот внес на калиум, освен што се поврзува со намалување на ризикот од смрт предизвикана од удар, штити од губење на мускулната маса, ги зачувува коските, исто така ги намалува и раситнува камењата во бубрезите. Затоа, ако имате проблем со камења во бубрезите, пожелно е да консумирате киви.

Го намалува крвниот притисок

Бидејќи нивото на калиум е високо, кивито може да помогне за намалување на крвниот притисок. Малиот внес на калиум е причина за висок крвен притисок. Затоа, зголеменото консумирање киви може да помогне за намалување на високиот крвен притисок.

Одлично е за превенција од констипација

Многубројни студии докажуваат дека кивито има лаксативно дејство и дека може да биде користено како дел од исхраната кај луѓето што имаат проблем со констипација. Редовното консумирање киви помага во зачестувањето на столицата и намалување на непријатностите од тврдата столица.


Колкава е нутритивната вредност на кивито?

Едно киви содржи приближно:
*Калории 42;
*Протеини 0,8 грама;
*Вкупно масти 0,4 грама;
*Растителни влакна 2,1 грама;
* Витамин Ц 64 милиграми;
* Витамин А 3 микрограми;
* Железо 0,2 милиграми;
* Калиум 252 милиграми и
* Фолна киселина 17 микрограми

[email protected]