Звуци од грамофонски плочи на платото пред МКЦ

59

Љубителите на грамофонски плочи во Скопје, во саботата, масовно ја посетија третата винил-конвенција кај нас „Скопје винил конвеншн“.

Пасионираните љубители дојдоа и пред официјалниот почеток за да ископаат некоја уникатна плоча од триесетината колекционери. Програмата беше збогатена со сетови на голем број диџеи, кои на четири сцени ги забавуваа посетителите со музика од винилни изданија.

Организаторот „Фанки фреш“ подготви и панел-дискусии, промоции, филмови, а за најмалите беше обезбеден специјален дел за дружење и игра. Имаше и катче со храна и пијалаци, а влезот за настанот, кој траеше до раните утрински часови, беше бесплатен.

Во рамките на конвенцијата се одржа и настанот „Историја на македонската винил-продукција“, а во музичкиот дел настапи „ПМГ колектив“. По дискусијата на темата,беше прикажан музичкиот документарен филм „103 љубовно писмо до алтернативната култура“.

Музичката програма на овој уникатен настан беше збогатена и со настап на двократниот светски шампион диџеј Вуди од Велика Британија и со легендата од Хамбург Мирко Машин, како и Најти НМХ, исто така од Германија.