За секој дел од телото постои намирница

Сите ние барем еднаш во животот сме ја слушнале поговорката „ти си тоа што го јадеш“. Можеби порано ни било смешно, но сега науката вели дека колку поздраво се храниме, толку сме и поздрави. Сигурно сте забележале дека некои овошја и зеленчуци личат на делови од телото, а сега науката потврди дека не само што личат на делови од човековото тело туку и се одлични за нив.
Доколку сакате да ги подобрите видот, мозокот, работата на срцето или желудникот, еве кои намирници е најдобро да ги консумирате.

1 Морков за здрави очи

Доколку пресечете морков, ќе забележите дека личи на око. Доколку убаво го анализирате, ќе забележите дури и линии како оние што ги имаме на ирисот.
Консумирањето морков е одлично за здравјето на вашите очи. Морковите се богати со бета-каротин, кој е одличен за спречување на слабеењето на мускулатурата на очите.

2 Ореви за силен мозок

Оревите изгледаат исто како нашиот мозок, па токму затоа секојдневното консумирање му помага на мозокот во беспрекорната работа. Богати се со омега 3 масни киселини, кои се клучни за подобрување на меморијата, одлични се за брза работа на мозокот, но и добри се во борбата против Алцхајмеровата болест.

3 Целер за силни коски

Целерот има долги дршки, кои личат на нашите коски, па токму затоа целерот е одличен за здравјето на коските. Целерот е одличен извор на силикон, кој е дел од молекуларната структура на коските, која, пак, им ја дава силата. Од друга страна, коските се 23 проценти со натриум, исто како и целерот.

4 Едно авокадо на ден за здрава матка

Авокадото е одлично за женското репродуктивно здравје. Богато е со фолна киселина, која, пак, е одлична во борбата против канцерот на цервиксот.

5 Грејпфрут за здравје на градите

Сличноста на цитрусите како што се лимоните и грејпфрутот не е само во изгледот. Грејпфрутот содржи супстанции наречени лимоноиди, кои го намалуваат развојот на канцер.

6 Доматот е сроден на вашето срце

Пресечен на половина, доматот изгледа слично на човечкото срце. Токму затоа е и здраво да се консумира. Богат е со ликопен, кој го намалува ризикот за срцеви заболувања кај оние што го консумираат. Доколку, пак, го комбинирате со маслиново масло или авокадо, ќе обезбедите максимална апсорпција на ликопенот.

7 Црвено вино – црвена крв

Црвеното вино е богато со антиоксиданти и полифеноли, вклучувајќи го и моќниот ресвератрол. Освен за добро расположение, мирен сон и за релаксирање, црвеното вино е одлично за вашата крв.
Умерено консумирање по една чаша на ден значително ќе ја подобри вашата крвна слика. Црвеното вино е добро за намалување на лошиот холестерол, кој, пак, е еден од главните причинители на срцеви заболувања. Исто така, црвеното вино е одлично во борбата против срцевите и мозочните удари.

8 Ѓумбирот е одличен за желудникот

Иако не изгледа оригинално како нашиот желудник, сепак со својата форма ѓумбирот потсетува на него. Секој што пробал чаша чај од ѓумбир за време на стомачна болка, знае за моќното дејство на ѓумбирот. Одличен е во борбата со стомачните вируси, при проблеми со повраќање за време на патување, а помага и за побрза дигестија на храната.

9 Сладок компир за здравје на панкреасот

Богат со антиоксиданти, слаткиот компир е одличен за органот на кој личи, а тоа е панкреасот. Иако е благ, сладок компир со средна големина содржи само 103 калории. Воопшто нема масти, а на организмот му нуди и протеини, витамин Ц, Б6, калциум, железо, магнезиум и витамин Е.

[email protected]