Започна дополнителна лотарија за билети

31

Организаторите на Летните олимписки игри (ЛОИ) во Токио 2020 започнаа со втората лотарија за билети по неочекувано големата локална побарувачка, која ги принуди да ја преиспитаат стратегија за продажба од почетокот на годинава.

Организаторите соопштија дека во мај на домашната лотарија аплицирале 5,12 милиони луѓе, од кои само 960.000 добиле најмалку по еден билет за некој од омилените натпревари. Во текот на првата лотарија биле продадени над три милиони билети.

Повеќето од четирите милиони апликанти, кои тогаш не успеаја да дојдат до билети, сега имаат втора шанса да дојдат до преостанатите 680.000 билети за натпреварите во фудбал, бејзбол и кошарка. Дополнителен број билети ќе им биде достапен на Јапонците кон крајот на годинава, како и напролет следната година.
Помеѓу 70 и 80 проценти од сите билети се резервирани за домашна продажба, а остатокот е наменет за меѓународните клиенти и спонзори.

Организаторите најавија дека за Игрите во 2020 година на располагање ќе бидат 7,8 милиони билети, но точната бројка не е објавена.