Запленети 247 килограми марихуана

71

Грчката полиција во две одделни акции заплени 247 килограми марихуана внесена од Албанија.
Во првиот случај, во Неа Селефкија, кај Игуменица, полициската патрола открила 145 килограми во напуштен автомобил. Утврдено е дека возилото било украдено на 13 јули годинава во Корделио-Евосму. Продолжува истрагата за откривање на крадците на возилото и наркошверцерите.

Во Компоти, кај Арта, бил запрен автомобил што доаѓал од правец на зелениот граничен појас. Во возилото имало 100 пакети со 102 килограма марихуана. Уапсена е Гркинка на возраст од 52 години, која управувала со возилото, а по сопственикот на возилото, 29-годишен Грк, полицијата трага.

И покрај зајакнатите гранични патроли од двете страни на границата и помошта на грчката граница од страна на припадници на Фронтекс, наркошверцерите не мируваат.
Тоа го потврдуваат и спречените обиди и запленетата дрога. Грчката полициска статистика потврдува дека само во ова подрачје во изминатиот период од годинава се запленети неколку тони, додека на целата територија на Грција повеќе од седум тони марихуана, внесена од Албанија.