„Еуроимпекс“ го претстави новиот „пежо рифтер“

237

Изминативе денови беше претставен најновиот модел на модуларниот „пежо рифтер“. Новинарите репортери од областа на автомобилизмот имаа можност во мавровскиот предел да ги тестираат „пежо рифтер 1,5 блу хди 100 кц актив“ и „пежо рифтер 1,5 блу хди 130 кц еат8 гт линија“. Надворешниот дизајн на автомобилот е преземан од концептот на спортски автомобилски сегменти „сув“. Целосно новиот ентериер го претставува внатрешниот дизајн на автомобилот и новиот концепт „пежо и-кокпит“. „Рифтер“ со новата технологија, која има 19 функции за помош при возењето, одлично се покажа во мавровскиот предел.

– Во сегментот во кој спаѓа новиот „пежо рифтер“, брендот бележи успех повеќе од 20 години со „пежо партнер“. „Пежо рифтер“ е конструиран под паролата „квалитет без компромис“, изработен е на нова EMП2-платформа, има нови мотори, робусен и елегантен, со видлив квалитет на изработка и е генијално модуларен – изјави Ивана Манчева Михајловска, регионална маркетинг-директорка во „Еуроимпекс“.

На дизајнот од новиот „рифтер“ имаат работено 30 дизајнери и од „Еуроимпекс“ додаваат дека новиот „рифтер“ е сосема ново возило. Не претставува ниту „сув“ ниту моноволуменец. Тој претставува сосема нов предлог даден од „Пежо“. Самото име е кратко и веднаш потсетува на движење надвор од градска средина, на робустност, модуларност и авантура.

– Точно е дека дизајнот на овој модел е повеќе агресивен и модерен, сепак ќе кажеме дека секое возило има свој стил, дизајн и своја потенцијална клиентела за која е наменет – вели Ана Николоска, менаџерка за медиуми и односи со јавноста во „Еуроимпекс“

Томислав Нафидов, регионалниот директор за продажба во „Еуроимпекс“, издвои неколку од елементите по кои е препознатлив новиот „пежо рифтер“. Неговиот изглед содржи линија на сув-возила, иако овој модел не претставува сув-возило. Робустен, афирмативен и елегантен. Предната страна на капакот на моторот е значително пократок. Дизајнот на решетката е по новите стандарди на брендот. А во долниот дел штитникот за кал е обложен со алуминиум. Странично доаѓаат до израз покривните носачи интегрирани во возилото. Во однос на задната страна има добро препознатливи лед стоп-светла во форма на лавовски канџи. Внатрешноста располага со инструмент-табла што е повисоко поставена и располага со „И-кокпит“. Осуминчен екран на допир, компактен управувач што има рамни делови, висока централна конзола и во зависност од изведбата овој модел поседува и зенит-покрив со електрични завеси што дава поголема прегледност и осветленост во кабината. Багажник од 1.414 литри (775 литри без преклопување на седиштата). Што се однесува до моторите, новиот „пежо рифтер“ располага со најновата генерација на еуро 6,2 мотори, кои се веќе подготвени за ВЛТП-хомологација. Мотори од кои: 2 бензински агрегати „пуре теч“: со 110 и 130 коњски сили (110 = 5-степен мануелен менувач / 130 = 6-степен мануелен или автоматски 8-степен EAT8). Три дизелски мотори „блу хди“: со 75, 100 и 130 коњски сили (75 и 100 коњски сили = 5-степен мануелен менувач, 130 коњски сили = 6-степен мануелен или автоматски 8-степен EAT8).