Електричен воблер

432

Овој систем ја примамува рибата од голема далечина, пуштајќи во водата еден вид стимулатор, звучен и визуелен, додека друг вид стимулатор ослободува од мини-резервоарот нежен мирис и хормон

Во создавањето на направата за риба позната под името биопулс учествувале врвни научници од Светскиот океанографски институт, универзитетите Масачусетс, Конектикат, Стенфорд и други познати истражувачки центри. Електричниот воблер е посебно дизајниран и направен од многу квалитетни материјали, така што не можат да му наштетат ни големите риби-грабливки.

Стручњаците и научниците што се занимаваат со рибите последните 30 години, со проучување на мозокот на рибата, дошле до заклучок дека мирисот влегува и дејствува на предниот дел од мозокот на рибата, а вкусот на задниот дел. За да ги привлечат и најнезаинтересираните риби, овој воблер ги користи сите адути, како што се мирис, вкус, вибрација, светлосен сигнал и посебен звук.

Однадвор биопулсот изгледа како класичен воблер, единствената разлика е во тоа што горната половина на телото е направена од потврда пластика, а средниот стомачен дел, кој се менува по потреба, е од мек материјал. На неколку места во самото тело се поставени и лед-диоди за светлосна стимулација на рибата. Внатрешниот дел на воблерот, пак, содржи струјно коло и систем за испуштање на стимулансите.

Овој систем ја примамува рибата од голема далечина, пуштајќи во водата еден вид стимулатор, звучен и визуелен, додека друг вид стимулатор ослободува од мини-резервоарот нежен мирис и хормон. Кога рибата ќе ја лапне мамката, посебен резервоар дополнително испушта привлекувачи, како што е крвта, за гризнувањето на рибата да биде што посигурно.

Траењето на едно полнење на стимулаторот е околу 45 минути, а за напојување на оваа вештачка мамка се користат обични батерии. Рибарите можат да користат и свои течности-привлекувачи за рибите-грабливки.

Многу рибари од светот се побуниле против ваквите воблери, сметајќи дека се неспортски.


Лов на потполошка

Љубителите на летниот лов на потполошки, кој за голем број ловџии е и најубавиот во ловечкиот опус во текот на целата ловна сезона, и ова лето, кое полека одминува, имаат можност да уживаат. Ловот на потполошката е во ек, а многу ловџии се во дилема со каква пушка, муниција и со какво куче да се замине во ловиштето
Многу искусни ловџии препорачуваат тежината на полнењето да биде 32 града. Сачмата не би требало да е покрупна од 12-ка. Понатаму, при набавката на ловџиска пушка, во лов на потполошки пожелно е да ѝ се даде предност на полесната пушка, за полесно ракување, а и нејзиното носење предизвикува помал отпор при долгите пешачења на високи температури.
Мнозинско мислење е и дека младите кучиња треба да се водат во лов на потполошки, но никако тоа да не се прави без претходни подготовки, односно тоа да им биде премиерно ловење. Понатаму треба да се одбегнува лов во поголеми групи, кога на мал простор има многу ловџии со многу кучиња, што може да предизвика и многу ловџиски истрели.
Во такви ситуации ловот на младите и неискусни кучиња станува хаотичен и непродуктивен. Затоа се препорачува во лов да се оди во групи до пет ловџии, во кои на младото куче друштво ќе му прават и две-три поискусни.