Домување

86

Цветни тапети – внесете шарм во вашиот дом

Тапетите на кои доминираат цветови биле декоративен елемент уште од минатите времиња. Ги има во различни димензии и дизајни, за да можат да се вклопат во кој било стил на декорирање ентериер. Доволно е само еден ѕид од модерната трпезарија да украсите со интересен тапет каде што доминираат божури на темна заднина. Или внесете светлина во вашата спална соба во бохо-стил, така што на ѕидот каде што се наоѓа таблата на креветот, ќе залепите хартиена градина од прекрасни цвеќиња.

Оваа година, модерни се предимензионирните цветови, толку се впечатливи што може да станат адут на вашата дневна соба или на работниот агол. Доколку сте љубители на цветните ѕидови, но се плашите дека вашиот дом би можел да се претвори во градина со вештачко цвеќе, доволно е да ги залепите овие шарени заднини само на еден дел од ѕидот. Со тоа ќе ги испочитувате трендот и вашето чувство за естетика.

Но не претерувајте. Во просторијата во која доминира цветна заднина, не треба да се најдат премногу детали со овој мотив. Евентуално, можете да додадете некоја перница, ламба, чинија или прекривка за маса со цветен дезен.